Дваесет работи поради кои вашите деца би можеле некогаш да ве тужат :-)

Стивен и Кетрин Минер од Илионис против својата мајка поднеле тужба поради, како што наведуваат, лошото мајчинство и душевните болки, барајќи отштета од 50.000 долари.

Стивен (23) и Кетрин (20) својата мајка Кимберли Гарит не ја тужат поради злоставување или лошо мајчинство. Тие ја обвинија дека таа еднаш наводно пропуштила да ја однесе Кетрин на Авто шоу, на Стивен му се заканила дека ќе повика полиција откако не сакал да го заврзе безбедносниот појас во автомобилот, се пазарела додека им купувала гардероба, во полноќ ја барала Кетрин да се врати дома од забава, додека студирале „не им испраќала пакети со внимание“....

Стивен роденденската чиститка која за еден роденден му ја дала мајка му ја оценил како непримерна, затоа што во нема немало пари. Во честитката пишувало: „Сине, ја купив оваа честитка затоа што е токму како и ти - различна од сите други“.

Стивен Помладиот и Кетрин ангажирале дури три адвокати од кои едниот е и нивниот татко Стивен Минер, кој се развел од нивната мајка пред 16 години.

- Децата во тужбата не го напаѓаат мајчинството, туку неодговорноста. Секој може да погреши, но мора и да ја сноси одговорноста за своите постапки, истакна таткото Стивен.

Адвокатот на тужената рече дека нејзиниот поранешен сопруг на овој начин сака само да и се одмазди, додавајќи дека Кимберли и покрај се и понатаму ги сакаат своите деца.

Судот по две години сепак го отфрли нивното обвинение и донесе одлука дека „мајчинското однесување не било претерано“.

 

 

20 работи поради кои вашите деца би можеле некогаш да ве тужат:

1. До крај не сте им ги пополниле радосниците.

2. Сте го заборавиле точниот датумот кога почнале да ползат, кога прооделе и прозбореле, а тоа не сте го ни запишале.

3. Пред пријателите сте ги „срамотеле“ прегрнувајќи ги и бакнувајќи, а можеби тоа го правите и понатаму.

4. Сте заборавиле да ги земете од училиште на време или кога оделе на некоја слободна активност сте ги однеле на погрешно место.

5. Не сте оделе со нив на секој училишен излет.

6. Нивните бела облека никогаш не била навистина бела по перењето.

7. Не сте им направиле доволно фотоалбуми.

8. Секогаш не сте ги бранеле, туку сте се придржувале кон она: „Ако не се во право, тогаш не се во право“.

9. Сте им фрлиле некои ситници (на пример, хартии од некои бомбони) додека тие не биле присутни.

10. Сте ги поттикнувале на креативна работа (цртање, игри со пластелин), а по десет години некои работи безчувствително сте ги фрлиле во ѓубре.

11. Не сте дозволиле да отсуствуваат од училиште поради чиста мрзеливост, па добиле лоши оценки.

12. Не се дозволиле да носат маици со ликови од цртаните филмови, да се потстрижуваат во стилот на ирокези, да ја бојадисуваат косата во зелено, и слично. 

13. Очекувате од нив секогаш да ја поместуваат границата, дури и кога тоа не им е пријатно.

14. Понекогаш викате.

15. Не им дозволувате да јадат слатки и сладолед секој ден.

16. Пуштате музика која не им се допаѓа на нив затоа што е „старомодна“.

17. Не ги фалите постојано за секоја ситница која ќе ја направат.

18. „Забната самовила“ ниту еднаш не ги посетила.

19. Никогаш не дозволувате кон вас да се однесуваат без почитување.

20. Премногу се трудите да станат добри, простојни и внимателни луѓе.

 
Извор МИА (Нова ТВ)
www.doktori.mk, 08.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости