Колку мора да биде голем за да е голем - Обрежување

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

продолжува од Како настанува ерекцијата и која е просечната должина на пенисот во ерекција

Инервацијата на пенисот е жешка тема со години во САД бидејќи голем дел од нервите рутински се острануваат по раѓањето со обрежување. Имено, многу мажи се обрежуваат поради културни причини (еврејска или муслиманска традиција).

Истражувачите откриле дека од обрежувањето нема некоја медицинска корист, освен да речеме поретки инфекции на уринарниот тракт во млада возраст и превенција на и онака реткиот рак на пенисот.

Препуциумот е богат со крвни садови и нервни завршетоци

Денеска во САД во просек се обрежуваат 56% од новородените машки деца во споредба со 90% колку се обрежувале во почетокот на шеесеттите години на минатиот век. Стапката е далеку поголема во Средниот Запад - 75%, отколку на Запад – 31%. Патологот Џон Тејлор од Универзитетот во Манитоба сецирал препуциуми од 22 возрасни мажи и се изненадил кога под микроскоп видел дека слузницата, за која традиционално се мислело дека е вишок, е богата со крвни садови и нервни завршетоци. Потоа необрежаните ги подучувал за богатството што го имаат.

Бидејќи шимпанзите и бонобо-мајмуните немаат гланс, corpora cavernosa и препуциумот се единствените делови на пенисот на приматите што опстанале 65 милиони години – значи имаат некоја важна функција.

Кожичката ја олеснува пенетрацијата

„Пенисот е внатрешен орган скоро кај сите цицачи“, кажува патологот Кристофер Колд, кој го потврдил Тејлоровото откритие на стотици дополнителни сецирања. Една од најважните функции на препуциумот (кожичката) е да го обезбеди подмачкувањето за време на односот, со лачење на смегма овозможува полесна пенетрација. „Обрежаните мажи за подмачкувањето зависат од жената“, истакнува Колд. Тејлор тврди дека набраната лента од кожа слична на армоника под препуциумот, кога ќе се растегне за време на пенетрацијата, активира рефлекс на коренот на пенисот. Кога коренот ќе се стегне, што е крајно ерогено, поттикнувајќи го мажот да продолжи да турка, ја стега corpora cavernosa и дополнително го зацврстува пенисот. Го стегнува и corpus spongiosum кого „секогаш го отфрлувале сметајќи дека нема никаква функција освен да ја потпира мочната цевка“, кажува Тejлор. „Кога е стегнат, се однесува како хидраулична цевка која предизвикува ширење на глансот и коронката“ и така ја зголемува чувствителната површина и уживањето. „Пенисот највероватно е така конструиран да го исфрли семето веднаш откако мажот пенетрира до крај“ што воедно е и моментот кога набраната лента потполно е раширена.

Обрежаните мажи помалку уживаат во сексот

Ако препуциумот e преполн со рецептори за нежни допири, чувствуваат ли обрежаните мажи помало уживање? Тejлор и Kолд сметаат дека доаѓа до губење на осетот бидејќи се отстрануваaт безброј нервни завршетоци.

Социолозите од Чикаго во 1997 година испитале 1511 мажи како обрежувањето дејствувало на нивното однесување. Откриле дека обрежаните мажи почесто практикуваат орален и анален секс и почесто мастурбираат од необрежаните. Најголема разлика била кај мастурбацијата, 47% обрежани мажи мастурбирале најмалку еднаш месечно додека тоа исто го правеле 34% необрежани. Дали обрежаните го ловат изгубеното уживање? Социолозите истакнале дека е иронично што обрежувањето во САД постанало популарно кон крајот на 19 век бидејќи лекарите сметале дека ќе ги одврателе момчињата од мастурбација. Очигледно, го постигнале спротивниот ефект.

продолжува. . .

 

Останати теми од рубриката>>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

 

не пропуштајте да разговарате слободно, отворено и директно на 

>>> Форумот за медицина и здравје - Доктори.мк <<<

www.doktori.mk, 05.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости