Белодробна емболија – Видео анимација

Што е белодробна емболија?

Белодробна емболија е акутна блокада на крвниот проток во пулмоналната артерија или некоја од нејзините гранки. Предизвикана е од тромб кој потекнува од некое друго место од венскиот систем (емболус). Најчесто белодробната емболија настанува поради откинување на тромб од длабоките вени на нозете.

Во следната видео анимација е претставена белодробна емболија која е предизвикана од длабока венска тромбоза:

Симптоми на белодробна емболија

Опструкцијата на крвниот проток во белите дробови доведува до нарушување на функцијата на истите (нарушување на размената на гасовите). Симптоми на белодробна емболија се:

  • тешко дишење и задушување;
  • градна болка при вдишување;
  • тахипнеа и тахикардија;
  • пад на крвниот притисок и колапс.

Дијагностицирање на белодробна емболија

Во потешките случаи белодробната емболија води кон нагла смрт. Затоа е клучно брзото поставување на дијагноза. Дијагнозата се поставува со:

  • клиничка слика;
  • лабораториски анализи – покачено ниво на Д-димери во крвта;
  • КТ на граден кош.

КТ наод за белодробна емболија - се визуелизираат емболуси во артериите на базалниот сегмент (стрелки):

Третман

Белодробната емболија се третира со помош на антикоагулантни лекови (хепарин, варфарин), додека потешките случаи се третираат со тромболитици и хируршки со пулмонална тромбектомија.

www.doktori.mk, 03.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина