Интересни факти за срцето

доктор на медицина
Рубрика: Кардио водич

Не се сомневаме дека знаете како да "украдете, oсвоите или скршите" нечие срце.

Но, освен тоа, што знаете за органот кој секојдневно ве одржува во живот? Дали сте вешти во зачувување на неговото здравје колку што сте вешти во претходно наброеното?

 Со новата рубрика "Кардио водич" ви ги претставуваме актуелните теми и разјаснуваме многубројните дилеми поврзани со здравјето на срцето и крвните садови.

 

Фактите зборуваат за уникатноста на кардиоваскуларниот систем

 

почеток и крај

  • Срцето започнува да чука 4 недели по зачнувањето и не престанува се до смртта;

100 000

  • Тоа во просек отчукува 100 000 пати во текот на еден ден;

волумен

  • Волуменот на крвта која поминува низ срцето во една минута може да варира – од 5-30 литри за една минута. Во просек целокупната крв од телото поминува низ срцето трипати во текот на една минута;
  • За време на целокупниот живот низ срцето ќе помине крв доволна да наполни 3 супертанкери;

позиција

  • Срцето не се наоѓа на левата страна на градниот кош. Тоа пред се е сместено во средина на градите и наклонето кон левата страна на градниот кош;

артериско стебло

  • Дијаметерот на главниот артериски крвен сад – аортата кај возрасен човек изнесува околу 3см на неговото излезиште од срцето. Во вашата околина пример за таа големина се цревата за наводнување.
  • Во својот тек артериското стебло многукратно се разгранува. На крајниот пат настануваат - капиларите чиј дијаметар е многукратно помал, околу 1/10 од влакната на косата;
  • Вкупната должина на сите крвните садови во телото е околу 95 000 километри;

активност и одмор

  • Срцето одмара во еден краток дел од секундата, помеѓу две отчукувања;
  • И кога го одмораме телото, срцето работи повеќе од мускулите на нозете кај човек кој трча спринт;

 

Овој органски систем со својата фасцинантна едноставност и круцијалност го привлекува вниманието. Но постои и една поинаква страна - кардиоваскуларниот како и сите други системи во телото е подложен на заболувања. Впрочем ,овие заболувања учевствуваат со најголем процент во сите заболувања и состојби.
 

Фактите зборуваат за сериозноста и зачестеноста на кардиоваскуларните заболувања

  • Најчестото срцево заболување е коронарната артериска болест (исхемичната болест на срцето).

симптоми

  • Дури 20% од срцевите удари остануваат непрепознаени. Тоа во половина од случаите се должи на недостатокот или атипичните симтпоми, додека во другата половина се должи на непрепознавањето на симптомите од страна на пациентот и/или лекарите.
  • Луѓето со дијабетес и постарите луѓе може да немаат класични симптоми на градна болка за време на срцевиот удар.

женско здравје

  • Иако жените во репродуктивниот период се заштитени од кардиовсакуларните заболувања и тие се калсифицираат како заболувања кај мажите, сепак нивното место во женскиот свет не е воопшто занемарливо. Срцевите заболувања се одговорни за двојно поголема смртност кај жените отколку сите видови на канцер заедно.

опасен тајминг

  • Повеќето срцеви удари се случуваат во раните утрински часови. Тогаш нивото на стрес хормонот кортизол е највисоко, и воедно крва е згусната и потекша за пумпање поради делумната дехидратација во текот на ноќта

90 минути

  • 90 минути - тоа е максималното време кое би требало да помине откога пациентот се јави прв пат на лекар, па се до пренесувањето во институција со катетризациона лабораторија и отпочнување на перкутана коронарна интервенција. 

сериозен факт

  • Во САД секојдневно се случуваат околу 4000 миокардни инфаркти или околу 3 секоја минута.

превенција

  • Умерената и редовна физичка активност го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања за 40%.

 

Зошто е важно да се грижиме за здравјето на срцето и крвните садови?

  • Според податоците на државниот завод за статистика во 2010 дури 57.9% од вкупната смртност во Р Македонија се должела на болестите на болестите циркулаторниот систем (кардиоваскуларните и цереброваскуларните болести). Доколку од оваа групаги одземеме цереброваскуларните болести, околу 40% од вкупната смртност  отпаѓа на болестите на кардиоваскуларниот систем.

Што се случува во светот ?

  • Во светот ситуацијата воопшто не се разликува. Погледнете ги графиконите на СЗО за 2008г во кои се прикажани топ 10 заболувања и нивниот процент во вкупната смртност. Во првиот графикон се заболувањата во земјите со висок приходи, а во вториот оние во земјите со ниски приходи. 

Фактите зборуваат за важноста од развивање на колективна свест. Свест за сериозноста и зачестеноста на кардиоваскуларните заболувања. Тие зборуваат и за важноста од постоење на здравствена култура и навики за превенција на истите.

Моето мислење е дека не се обрнува доволно внимание на здравјето на срцето. Токму тука ја наоѓам потребата од ваква рубрика.

А Вие, заклучокот донесете го сами.

продолжува...

Останати статии од авторот >>>

www.doktori.mk, 01.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости