Одржување на правилна орална хигиена

дипломиран забен техничар-протетичар, студент по стоматологија

Што значи добра орална хигиена?

Добрата орална хигиена е важна во секојдневниот живот затоа што ни овозможува убав изглед на забите и непцата и го спречува лошиот здив.

Основи за добра орална хигиена се:

  • Правилно и редовно четкање на забите и слузниците во усната шуплина;
  • Користење на забен конец;
  • Користење на интердентална четкичка, посебно кај пациенти со ортодонтски апарати.

За да се спроведе ефикасна орална хигиена потребно е:

  • Да се избере соодветна четка;
  • Пациентот да се едуцира и да стане свесен за значењето на добрата орална хигиена за неговото орално здравје;
  • Да се знае и усвои техниката на правилно четкање на забите со што би се задоволиле орално-хигиенските потреби;
  • Да се процени способноста на индивидуата сама да изврши квалитетна и правилна орална хигиена.

Четкањето на забите е ритуал кој трае 2 минути, односно 120 секунди. Повеќето од возрасните практикуваат четкање на забите 45 секунди, кое се разбира не е доволно. Целите на четкањето се следни: остранување на плак формација, чистење на забите од храна, масажа на гингивалното ткиво и апликација на флуориди. Постојат повеќе методи за четкање на забите, но сепак тоа зависи од индивидуалниот став на пациентот.

Но, за да се оформи тој став, потребно е пациентот да биде едуциран. Сепак кога ќе се направи квалитетен спој на сите методи доаѓаме до најсоодветниот, комбиниран метод, кој шематски се прикажува вака:

1. Користете четка со меки, најлонски влакна и со заоблени врвови на влакната кои нема да ги оштетат забите и гингивата.

2. Нежно четкајте ги надворешните површини на забите, на 2-3 заба, со вибрирачки и кружни движења, одете со четката на следните 2-3 заба и повторете ја постапката.

3. Одржете агол од 45 степени помеѓу влакното од четката и површината од забот и гингивата, нежно четкајте користејќи кружни движења вдолж внатрешната површина на забите.

4. Поставете ја четката вертикално за предните заби и правите нормално движење горе-долу со предната половина од четката.

5. И за крај поставете ја четката на гризната површина на забите и користете напред-назад движења, четкајте го јазикот со цел да се остранат бактериите што продуцираат непријатен мирис.

Каков вид на четки треба да користиме?

По препорака од повеќе стоматолози се препорачуваат меки и средно тврди четки. Електрични четки се препорачуваат кај лица со посебни потреби и кај малите деца. Четката е потребно да се менува на секои 3 месеци, но доколку сте имале вирусна инфекција потребно е побрзо да се смени да не настане реинфекција.

Каков вид на паста за заби треба да користиме?

Покрај забната четка, пастите се користат како помошно средство за отстранување на забниот плак од површините, се со цел превенција од кариес и пародонтопатија. Денес на пазарот имаме широк спектар на пасти, па која и да се одбере е добра.

За што се користи забниот конец и како го користиме?

Забниот конец се препорачува во случаи каде што интерденталната папила го исполнува интерденталниот простор. Забниот конец почнал да се користи уште од 1800 година како восочен, а по втората светка војна се појавил и синтетскиот конец.

Пациентите повеќе го сакаат восочниот восок, особено оној истиот кој е со прелив од ментол.

Со негова ефикасна употреба се исполнуваат неколку цели:

  • Масажа на интерденталната папила;
  • Полирање на површините со истовремено остранување на дебрисот;
  • Редукција на гингивалното крварење;
  • Интердентално отстранување на плакот и остатоци од храната;
  • Служи како носач на терапевтски цели во интерденталните делови.

Техника на користење на забниот конец:

  • Земете околу 10 цм забен конец и омотајте го околу средните прсти на левата и десната рака оставајќи по 5 цм должина за да се провлече помеѓу забите;
  • Придржете го конецот цврсто и одете напред-назад помеѓу забите;
  • Нежно поминете го секој заб и одете нежно до непцето, притоа внимавајќи да не ја раскрварите гингивата;
  • Користете чисти делови од забниот конец кога поминувате помеѓу секој заб.

ВАЖНО

Четката за заби мора да биде сува при чинот на почнувањето на оралната хигиена, за да се задржи нејзиниот механички абразивен потенцијал. Оралната хигиена е исто така многу важна и во услови на постоење на фиксни и мобилни протетски надоместоци, при што посебно внимание треба да се обрне на состојби на фиксни надоместоци, особено во зоната на гингивалниот раб. Вакво внимание на хигиената мора да обрнат пациенти со фиксни ортодонстски апарати.

Секојдневното четкање е важно, овозможува отстранување на плакот и дотур на свежи дози на флуориди, а спречува појава на кариес.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 01.09.2011

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија