Колку мора да биде голем за да е голем - Нешто за пенисот

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

продолжува од Колку мора да биде голем за да е голем - Еволуција на пенисот

За што служи коронката?

Дури и ако должината не е некоја посебна предност, чудната форма на пенисот, со неговата посебна капа како желад (како глава од змија), може многу да значи. Една предизвикувачка идеа кажува дека коронката што ја поврзува главата на пенисот со телото на пенисот се развила за да ја собере (да ја испумпа) спермата која претходно ја положил друг мажјак. Еволуцискиот психолог Гордон Галуп во 2003 година извршил креативен експеримент за да ја провери оваа претпоставка. Со помош на неколку пениси од латекс, лажна вагина и мешавина од штирк и вода, тој и неговите студенти на Универзитетот во Олбени, САД, креирале полов однос во лабораторија. Според нивните резултати, со само едно влегување во вагина, коронката собрала 90% од мешавината; фалусот без коронка собрал само 35%. Забележале дека е важна и длабината зашто ако фалусот не бил турнат најмалку до три четвртини во вагината, не успевал да собере ни 40% од мешавината. Понатаму, анкетирале 600 студенти и откриле дека и мажите и жените имаат впечаток дека мажите туркаат посилно и подлабоко кога се сомневаат дека партнерката го мами или ако некое подолго време не спиел со неа. Би било интересно да се дознае дали мажот ги прилагодува ударите врз основа на младоста на жената, нејзината симетрија или обемот на слабина – колкови, а секој од тие фактори може да се смета како знак на плодност. Ако децата не личат на мажот дали е тоа знак дека не го вршел многу силно односот со жената?

Како мажот успева да ја положи сопствената сперма а да не ја собере? Тоа го спречуваат два механизми. Прво, кога мажот ејакулира, главчето на неговиот пенис станува многу чувствително и не може понатака да турка затоа што чувствува болка. Второ, обично брзо ја губи ерекцијата. Ако мажот и понатака турка, пенетрацијата веќе не е длабока ниту силна. Највероватно и претераното испумпување на сперма е причина поради која некои парови не можат да зачнат дете.

Градба на пенисот

“Вашиот пенис, како и пенисот кај сите цицачи, во основа е голем, засилен воден балон“, изнесува Диана Кели од Универзитетот Масачусетс Амхерст. Балонот се состои од три сунѓерести стапчиња. Кога ќе го погледнете својот пенис во ерекција, ќе видите дека едниот е сместен на горната лева, а другиот на горната десна страна. Познати се под името corpora cavernosa (шупливо ткиво), а заслужни се за стврднување. Ги разделува тенка преграда (септум), така да за време на ерекцијата се споени. Третото стапче, corpus spongiosum (сунѓересто ткиво) се наоѓа меѓу и под нив, протегајќи се до главчето, до глансот. Низ неговата средина минува мочниот канал. На тој излез излегува и мочка и сперма. Тоа не е идеално, но еволуцијата понекогаш мора да работи и компромиси, како што и Вашата уста служи за влегување и на воздух и на храна поради што сте не еднаш во опасност да умрете од гушење. Предејакулатот што го произведуваат Купферовите жлезди ја чисти мочната цевка пред ејакулацијата со што се заштитува спермата од мочката.

Балонот е зајакнат со два слоја колагени влакна, од кои надворешниот се протега по должина, а внатрешниот се обвиткува околу телото на пенисот. Таа обвивка, tunica albuginea, е со дебелина од лист хартија. Кога ќе се опуштат мазните мускули во пенисот, тој брзо се полни со крв.

„Пенисот во ерекција се однесува по хидростатски принцип, што значи дека за одржување е потребна и растеглива мембрана и течност под притисок“, објаснува Кели. Кога пенисот ќе омекне за да се врати во гаќите, влакната се набираат како перде. Ако во туника албугинеа се создаде сврзно ткиво кое не е растегливо, тогаш во ерекција пенисот е крив. Таквата состојба е позната како Пејрониева болест, според францускиот хирург што ја опишал во 1743 година. Tunica albuginea може да се скрши за време на односот. Таквата повреда е пратена со звук кој потсетува на скршено стакло, а се јавува и голем оток со боја на модар патлиџан (хематом).

продолжува. . .

 

Останати теми од рубриката>>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 22.08.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина