Koрисното дејство на рибиното масло од црн дроб на бакалар

доктор на медицина

Најсоодветен начин да ги задоволиме нашите потреби од витамин А и Д е да ги внесеме во организмот онакви какви што постојат во природата. Рибиното масло од црн дроб на бакалар е комбинација на витамини А и Д од природно потекло. Се препорачува за профилакса и како дополнителна терапија при лекувањето на низа болести.

Витамините А и Д взаемно си го зголемуваат своето дејство. Витаминoт А ги стимулира регенеративните процеси на кожата и слузокожата, има антиоксидантен и имуно-стимулирачки ефекти, познат како фактор на растот и развојот кај деца и млади, го подобрува видот, ја стимулира синтезата на половите хормони и кортикостероидите. Витаминот Д ја стимулира абсорпцијата на калциум и фосфор и нивното вградување во коските, со што ја зголемува густината на коските и минерализацијата на забите, а ја зголемува и синтезата на стероидните хормони.

 

 

Рибиното масло од црн дроб на бакалар се применува при:

 

  • делување на правилниот раст и развој на коските и забите кај децата и младите;
  • рахитис кај децата и остеопороза кај возрасните;
  • болки во коските и мускулите;
  • пореметувања на видот;
  • придружна терапија при лекување на чиреви, екземи, рани кои тешко заздравуваат;
  • воспалителни процеси на слузокожата на системот за варење и излачување;
  • зголемување на имунолошката заштита на организмот;
  • подобрување на функцијата на јајниците и тестисите;
  • зголемување на еластичноста на крвните садови;
  • забавување на атерогенезата и намалување на ризикот од исхемична болест на срцето;
  • профилакса и дополнителна терапија при лекувањето на недостаток од витамините А и Д во организмот.

 

 

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 18.08.2011

Последна вест

BHM Lebron 11Nike's history is a process of continuous dialogue between these two...
Тема: BHM Lebron 11 Bowerman coach playing out in baked
Jordan 11 BredAfter Knight was elected to the Oregon State University track and field...
Тема: Jordan 13 Bred a professional middle and long
Copper FoampositeAmbitious, durable, beyond, heroic, coherent and pure, these...
Тема: KD 5 BHM Nate casually collected some
KD V EyblAir Force 1 Nike technology has been refined workmanship is fundamental. Based...
Тема: Hyperfuse 2012 Low Air Force 1 Nike technology
MVP LebronsAF1 not only belongs to Nike, it belongs to the basketball culture, it is a...
Тема: Glow In The Dark Lebrons and carry forward the traditional

Најчитани статии - исхрана