Што треба да знам за лекувањето на моите заби?

доктор по стоматологија
Специјалистичка ординација по ортодонција “Д-р Радевски” - Демир Хисар

Дали е болно вадењето на забниот нерв и кога мора тој да се вади?

Кога кариесот ќе продре се до пулпата и под дејство на бактериите ќе го инфицира забниот нерв тогаш е неопходно тој да се извади, односно екстирпира со соодветен ендодонтски третман. Оваа постапка е болна за пациентот па речиси секогаш ја правиме или со локална анестезија или со претходно умртвување на нервот со помош на некое девитализационо средство.

Дали е неопходно да се извади гангренозен заб?

При гангрена на заб прв метод на избор е лечење на забот со соодветни материја кои го исполнуваат коренскиот канал. Најчесто овие заби имаат и периапикални промени па може и со апикотомија (отстранување на врвот на коренот на забот) да го сочуваме забот во уста. Доколку ниедна од овие постапки не може да се примени или се покаже како неуспешна, тогаш екстракција е неизбежна.

Смееме ли да ја испираме раната после екстракција на заб?

Во никој случај! Плакнењето на раната може да предизвика дополнително и обилно крварење или пак да ја остави празна алвеолата што резултира со инфекција,болка и многу долго време на зараснување.

Може ли лечен заб да се избели и да добие посветла боја?

Доколку постои доволно забна супстанца ова е возможно со ставање на супстанци избелувачи на забот во неколку сеанси. Кога ќе ја постигнеме посакуваната боја тогаш ставаме дефинитивна пломба на забот.

Како се отстранува забниот камен и дали таа постапка ги оштетува забите?

Забниот камен се отстранува со ултразвучен апарат кој со помош на микровибрации безболно и целосно го отстранува забниот камен. Ако се користи правилна техника на отстранување не доаѓа до оштетување на забите.

Дали се црните, метални пломби подобри и појаки од белите?

Во однос на издржливоста белите(композитни) пломби се речиси идентични на амалгамските(црните)пломби. Предноста на белите пломби е во тоа што до максимум го задоволуваат естетскиот момент. Во денешно време се повеќе се употребуваат за разлика од амалгамите.

продолжува...

 

www.doktori.mk, 14.08.2011

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија