Колку мора да биде голем за да е голем - Еволуција на пенисот

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Без пенис сите би имале жабри

Колкава голема осуда е да слушнете од некој, било од жена или од сопствениот ѓавол, дека Вашиот пенис, Вашата машкост, е мала. Сепак, многу ретко некој маж може точно да објасни која е “нормалната големина”. Повеќето од нив не знаат како пенисот функционира, од што се состои („коска“ е погрешен назив), како може толку брзо од мек да стане тврд, па потоа пак мек или како успева да изфрли столб од семе и сперма низ мал отвор со брзина од 45 км на час. Всушност, животот од море скокнал на копно откако се развил овој систем на прскање низ цевка и овозможил внатрешно оплодување, каде спојката меѓу спермата и јајцето се чува во заштитена влажна средина. Без пенис сите би имале жабри.

Што се однесува до човечкиот пенис, биолозите се прашуваат зошто е тој толку голем, барем во споредба со дебелината и должината на “моливот” што го имаат шимпанзите, горилата и орангутаните, нашите најблиски роднини примати. Иако е горилото два пати потешко од мажот, кога му е пенисот во ерекција, долг е само 3,1 см. Во однос на тоа, кај луѓето со ерекција, пенисот од 12,7 см е премногу голем. Некои научници сметаат дека пенисите ни се развиле многу затоа што првата жена, поради големата љубов за повеќе оргазми, бирала партнери со дебели, долги и флексибилни органи, што овозможуваат широк распон на положби.

Мажите ја немаат превласта во сексот

“Во секое поколение има жени што сакаат поголем пенис и по некоја или ниедна што сака мал па општата тенденција превагнала на страна на подолгите“, тврди археологот Тимоти Тејлор и вели дека пенисот во еволуцијата престанал да расте кога дошло до ситуација понатамошното зголемување да би го направило односот да биде непријатен.

“Предочувањето дека праисториските жени го издолжиле органот како некој факир кој ја мами змијата противречи на гледиштето дека е пенисот симбол на машката доминација“, вели еволуцискиот психолог Џефри Милер. Кога би ја имале мажите превласта во сексот како што ја имаат машките горила, не би требалo да се натпреваруваат за женките и сите би имале пенис со минимална должина.

Пенисот – симбол на мажевноста

За разлика од мајмуните, човечките мажи и жени приближно се со иста големина па не е тешко да се претпостави дека кога останавме без густите влакна што го покривале целото тело, пенисот станал знак на мажевност (освен што е мал, пенисот на горилото е скриен под густо крзнено перде). Можеби станал симбол на вишок исто онака како шарените ама тегобни пердуви значат за машкиот паун. Пораката гласи: “Погледни го ова мала. Не ми треба уште 10 см да ти направам паунче, затоа што и онака сум доволно силен и здрав наоколу да ја носам оваа тешка опашка.“

Знаејќи дека денешните жени се издржливи во тврдењето дека големината не им е важна, физиологот Џеред Дајмонд се прашува дали би можел првиот маж подобро да ја потроши енергијата потребна за развој на поголем пенис и да создаде додатни мозочни клетки (не дека ги немаме доволно ама кому не би му дошла добро уште некоја?).

продолжува. . .

 

Останати теми од рубриката>>>

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 07.08.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости