Шери томато – чудото од џуџе

м-р Ана Танаскоска
креативен соработник

 

Станува збор за вид домат кој е значително поситен по раст од оној регуларниот на кој сме навикнати (heirloom tomato). Универзалното име cherry tomato, се должи на што ако не на неговата големина колку цреша. Природата ни го дала во црвено и жолто издание. Жолтите се поблаги поради поголемото количество шеќер. Меѓутоа, очигледно големината и не е толку битна, бидејќи овие џуџести плодови се што било здраво го насобрале во нив. Се што содржи обичниот домат, само во џебно издание :-)

 

Една чаша полна шери томато (околу 149 g.) покрај 27те калории, содржи:

 

Витамини

  количина

процент од дневната препорачана доза

Витамин Ц  18,9 mg  32%
Витамин А  1241 IU  25%
Витамин Е  0.8 mg  4%
Витамин К   11.8 mcg  15%
Витамин Б6  0.1 mg  6%
 Тиамин  0.1 mg  4%
Ниацин  0.9 mg  4%
Фолна киселина  22.3 mg  6%

 

     

Минерали

  количина

процент од дневната препорачана доза

Калциум  14.9 mg  1%
Магнезиум  16.4 mg   4% 
Железо  0.4 mg  2%
Фосфор  35.8 mg  4%
Калиум   353 mg  10%
Цинк  0.3 mg  2%
Манган  0.2 mg  8%

 

Најмоќниот природен антиоксиданс – ликопен

Овие малечки плодови го содржат досега најмоќниот откриен природен антиоксиданс – ликопен. Црвените овошки и зеленчуци како на пр. лубеница, црвено грозје, домати се богат извор на ликопен. Антиоксидансите како што знаеме се супстанции кои ги штитат клетките од можните штети кои би ги предизвикале слободните радикали.

На овој антиоксиданс му се препишуваат антиканцерогени својства и докажано функционира како инхибитор на болестите на срцето, предизвикува позитивни метаболички ефекти, ја подобрува способноста на кожата да се заштити од штетните УВ зраци и е силна заштита против невродегенеративните болести. Спроведените експериментални студии на Универзитетите во Манчестер и Њукасл, изнесуваат факти дека ликопенот ја зајакнува заштитната функција на кожата и воедно ги намалува ефектите од стареење.

 

Паметните луѓе тежнеат кон мени богато со домати

Консумирањето домати го намалува ризикот од појава на рак на дојка, колоректален рак - рак на дебело црево, простата, ендометриоза - болест на матката, бели дробови и панкреас. Овие ефекти се должат на низата хранливи материи кои ги содржат, а не само споменатиот антиоксиданс.

Сокот, природниот сос (а не кечап) и пирето од домат се верува дека помагаат при ублажување на одредени симптоми кај уринарниот тракт. Исхраната богата со домати влијае и врз намалување на лошиот холестерол во крвта и се препорачува кај лица кои боледуваат од агресивен карцином кој се шири во другите делови од телото.

Мажите кои јаделе редовно по повеќе порции домати, во просек кај нив ризикот од појава рак на простата се намалил за 35%.

 

 

 

 

 

Во подем бројот на ново добиени видови домат

Досега официјалната бројка на познати видови е 7.500, а неофицијалната достигнува 25.000. Очигледно некои градинари биле исклучително ентузијастички настроени :-) Последна добиена врста на домат и моментално најактуелна е Sun black tomato врста или црн сончев домат, кој е создаден во Универзитет во Пиза. Надворешноста му е темно виолетова накај црна. Збогатен е со пигменти кои природно ги содржат боровинките, капините и црното грозје, а кој има вкус на традиционалниот црвен домат.

Шери доматот е главна состојка при приготвувањето на коктелот Bloody Mary. Кој е љубител на киселкасти и невообичаени коктели, нека проба. Воедно постојат многу начини да се искористат доматите, а да не е тоа само набрзина приготвена салата. При дефицит на идеи, а суфицит на апетит, искористете ги нечиите деликатесни ‘’генијалности’’ што следуваат подолу ...

 

 

 

 

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

објавено на 2011-08-04

www.doktori.mk, 20.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана