Доктори.мк | Што значи да се биде доктор, а што - пациент | sto-znaci-da-se-bide-doktor-sto-pacient | Портал за медицина и здравје

Што значи да се биде доктор, а што - пациент

доктор на медицина

Да се биде доктор

Докторот мора да знае дека ќе третира луѓе и дека ќе биде вмешан со нив во ситуација која, со надеж, ќе биде терапевтска. Психолошките притисоци и фактори влегуваат во игра и имаат големо значење со речиси секој пациент кој се третира и според тоа нашето справување со луѓето вклучува голем дел на психолошки третман. Каков и да било третман да користиме, би бил многу подобар кога би биле свесни за начинот на кој луѓето функционираат психолошки и запознаени со најчестите непријатности и загрижености на луѓето. Нашиот третман би бил подобар доколку користиме минимум на итрина и добиваме минимум на нарцистичко задоволство.

Важен е контактот со пациентот

Нашиот прв контакт со пациентот е земањето анамнеза со што го започнуваме актуелниот третман. Притоа можно е да поставуваме прашања кои му сугерираат на пациентот дека е болен од некоја сериозна болест и ова може да звучи многу застрашувачки за истиот. Во спротивно, при земањето анамнеза може да кажуваме и да правиме работи кои ќе создадат атмосфера на доверливост и самоувереност. Можеме да го потпомагаме чувството кај пациентот дека знаеме и разбираме што се случува со него и според тоа - тој е во сигурни раце.

Следнот степен во нашиот однос со пациентот го вклучува физикалниот преглед и тука важат истите принципи, дури и на повисоко ниво. Пациентот може да го види нашиот израз на лицето и притоа ќе не набљудува со внимание. Пациентот ќе ги набљудува сите наши реакции и ќе прочита многу нешта од нив. Според тоа, не треба да ги покажуваме нашите сомнежи или да ја пренесуваме нашата вознемиреност врз пациентот. Исто така, во третманот на пациентот треба да ги избегнуваме и изведуваме непотребните манипулации и процедури.

Нашиот третман на пациентите вклучува однос со нив уште од моментот кога ќе ги запознаеме, ќе трае со денови, недели, месеци дури и години и во себе ќе вклучува голем број на психолошки феномени. На тој начин степенот на знаење, со кој имаме одредено почитување и разбирање за човековото психолошко функционирање, можеме да го примениме во третманот на нашите пациенти. Само на тој начин ќе бидеме доктори во вистинска смисла на зборот.

Да се биде пациент

Не треба да не зачудува фактот што поттик за посета на докторот од страна на пациентот често пати е некој стресен настан во семејството или некоја случка која произвела нејасни чувства на нелагодност. Кога се чувствуваат под стрес, многу луѓе стануваат делумно осетливи на сензациите на своето тело и често имаат потреба за објаснување, име, дијагноза за нивната болка. Интересно е што овој феномен особено ги зафаќа студентите по медицина. Чувствувајќи необјаснива непријатност, многу студенти ги забавува можноста, дури понекогаш и се убедени, дека имаат некоја ужасна болест која ја проучувале.

При посетата на докторот, тој и пациентот “преговараат” за името на проблемот и бараат одговор на тоа “што не е во ред?”. Дијагнозата, исто така, го утврдува правото на пациентот на медицинско внимание и помош, ја легитимира улогата на болен со сите свои права, привилегии, извинувања и обврски. Покрај тоа, во ова општество, луѓето мислат дека докторот е тој што треба да им каже што не е во ред со нив.

Психолошките и емоционалните проблеми на пациентот се важни

Иронично е тоа што во поголемиот број, ако не и во сите, средби помеѓу докторите и пациентите, информациите за нефизичките симптоми се сметаат за “неограничени”. Резултат на тоа е проблемот најчесто да се именува како физички се додека драматично не се докаже спротивното. На тој начин пациентот е присилен да ги игнорира психолошките и социјалните проблеми и да зборува само за физичките сензации. На овој начин често пати хипохондријазата е “јатрогено предизвикана” со преовладување на медицинските ставови, интереси и приоритети. Доколку актуелните проблеми на пациентот не се вклопуваат во телесните интереси на докторот, пациентот или мора да научи да ги прикаже одобрените симптоми или да оди на друго место. На тој начин голем дел од пациентите го напуштаат докторот повеќе безнадежни и со поголемо чувство на болка отколку што биле пред да дојдат кај него. Докторите имаат чувство дека нивното време било залудно потрошено и дека мрачното претскажување на скептичниот пациент е потврдено.

Доколку докторот и пациентот не можат да се согласат дури ни за проблемот кој се обидуваат да го решат, испадот и неуспехот на медицинскиот третман е неизбежен.

Научени да се справуваат со заболени органи и системи, да бараат физички знаци и симптоми, потпирајќи се на рентгенските снимки и лабораториските наоди, многу од докторите не се согласуваат со “полесните” докази на емоционални потешкотии. Ефектот на емоционалниот и социјалниот дистрес на искористувањето на медицинската служба најзабележителен е кај хроничните болни кои покажуваат најмногу скептицизам во врска со користа од медицинската грижа, меѓутоа сепак се воедно и најчести побарувачи на медицинска помош.

Како и да е, интересен е фактот дека голем дел од пациентите на кои им треба психијатриски третман, иницијално прикажуваат физички потешотии.

Последиците од селективното невнимание за емоционалните проблеми на пациентот довeдуваат до:

  • несреќни и фрустрирачки резултати од средбите доктор – пациент;
  • непотребно трошење на времето на докторот и изворите на медицинскиот систем преку т.н. пациенти – симуланти;
  • поттикнување на пациентите да ги презентираат сите свои проблеми со физички термини;
  • скапи иследувања на лажните докази како и фактот дека актуелната физичка болест може и да се превиди кога пациентите еднаш ќе бидат означени како “симуланти”;
  • притисок врз докторите да најдат физички доказ до таа мера што пациентите се изложени на прекумерни дијагностички иследувања, што со себе носи поголем ризик од развој на јатрогени симптоми.

Терминот “загрижен, а здрав” е резервиран за луѓето кои им “досадуваат” на докторите, а при тоа “немаат никаво органско пореметување”. Прво, погрешно имплицира дека луѓето со емоционални проблеми се најверојатно физички здрави и второ, имплицира дека доколку некој е навистина болен, тогаш тој не е загрижен. Во секој случај погрешно. Најверојатно нема “незагрижени болни”, исто како што најверојатно нема “загрижени а здрави”. Емоционално пореметените луѓе се поранливи физички, а физички болните луѓе се често пати емоционално под стрес.

Многу доктори кои дипломирале неколку декади порано во минатото се наклонети да веруваат дека емоционалните пореметувања “се едноставно во главата на пациентот” и не се нивна грижа. Исто така се вели дека многу од студентите по медицина во првите години на своите студии се повеќе загрижени и повеќе обрнуваат внимание на емоционалните потешкотии на пациентите, отколку кога ќе дипломираат.

Пациентот бара помош од докторот

Како заклучок може да се каже дека луѓето ги посетуваат докторите бидејќи чувствуваат дека им треба помош. Во основа на таа потреба може да се наоѓа емоционална, социјална или физичка причина, а најчесто е комбинација од истите. Луѓето ги напуштаат докторите или го одбиваат медицинскиот совет, бидејќи чувствуваат дека докторот не се труди да ги сослуша и со тоа не ги разбира нив или емоционалните и социјалните стресови што ги имаат, а кои често може да ја поттикнат потрагата за помош.

Претходнo од рубриката:

објавено на 2011-08-01 

www.doktori.mk, 11.09.2012

Последна вест

Најчитани статии - медицина