Доктори.мк | Медицински феномени – “Blade runner” | medicinski-fenomeni-Blade-runner | Портал за медицина и здравје

Медицински феномени – “Blade runner”

Оскар Писториус, роден во 1986 г., е јужно-африкански атлетичар. Неговиот најголем сон, како и сонот на сите атлетичари, бил да се квалификува за учество на Олимписки игри. Човекот наречен “Blade runner” напорно тренирал и долго време се обидувал да ја достигне строгата квалификациона норма на 400 m (обидите да се квалификува за Пекинг 2008 биле безуспешни). Се додека, пред некој ден, не успеа да го оствари сонот и да обезбеди настап на Олимпијадата во Лондон 2012. Навидум, спортскиот пат на Оскар е сличен со оној на многу други атлетичари. Само што има една разлика – Писториус нема потколеници.

Непоколеблив спортски дух

Оскар е роден со конгенитално отсуство на фибулата на двете нозе. На 11 годишна возраст двете нозе му биле ампутирани помеѓу колената и глуждовите. Сепак, неговиот спортски дух бил неверојатен. Од мала возраст, со помош на протези, тренирал тенис, борење, ватерполо и неговиот омилен спорт – рагби. Во 2004 г., за време на рехабилитацијата по една рагби повреда на коленото, Писториус почнал да се бави со трчање на 100, 200 и 400 m.

Учествувал на Параолимпијадите уште од 2004 г. На нив има освоено 4 златни и 1 бронзен медал. Сепак, негов сон е да се натпреварува со најсилните Олимпијци без телесни недостатоци. Макотрпно работел да ја достигне целта, борејќи се со сите препреки кои му излегле на патот. Од јануари до мај 2008 година му било забрането да се натпреварува на атлетските митинзи поради наводната предност што му ја давале артефициелните протези. Секако, на крајот, по испитувањата, се утврдило дека тоа не е случај.

Трката на соништата

Писториус не успеал да обезбеди квалификациона норма за Пекинг 2008. Но затоа, по долги години на труд и откажувања, на 19 јули 2011, во Лињано, Италија, со својот личен рекорд од 45.07 s на 400 m, обезбедува настап за Олимпијадата во Лондон 2012. Трката на соништата, исто така, му овозможи да ја претставува Јужна Африка на Светското првенство во атлетика во Даегу, Ј.Кореа кое се одржа во август 2011 година.

Во следното видео ви ја прикажуваме трката во целост:

Останати видео-статии од рубриката Медицински феномени:

Б.С.

www.doktori.mk, 24.07.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости