Дијабетес - видео анимација

Како извор на енергија на организмот постојано му е потребен шеќер во мали количини.

Вашето тело произведува хормон наречен инсулин кој му овозможува на шеќерот од крвта да премине во внатрешноста на клетките.
 
Инсулинот се создава во панкреасот, орган сместен во стомачната празнина зад желудникот.
 
Повеќето клетки во телото на својата површина имаат рецептори за хормонот инсулин. Молекулата на инсулинот е компатибилна, одговара на овие рецептори како клучот и клучалката. Кога тие ќе се поврзат се активира механизам на сигнализирање во внатрешноста на клетката кој поттикнува еден специјален вид на траспортни протеини да започне да се придвижува од внатрешноста кон клеточната мембрана. Штом се сместат во неа, транспорнтинте протеини  му дозволуваат на шеќерот или глукозата од крвта да влезе во клетката (оттука и нивното име).  Шеќерот за клетките е основно гориво  кое им дава енергија за нормално функционирање и обновување.
 
Во нормални услови телото одржува рамнотежа и соодветни нивоа на шеќери во крвта, (односно надвор од клетките) и во внатрешноста на клетките.
 
Кај луѓето кои имаат дијабетес мелитус, или шеќерна болест, клетките на телото остануваат заклучени за шеќерот, при што тој не може да влезе во нив со цел да се обезбеди енергија за нивното работење. Од друга страна оваа состојба предизвикува абнормално големи количини на шеќер да останат во крвта.
 
Со текот на времето високите нивоа на шеќер во крвта можат да водат кон сериозни здравствени проблеми најчесто во очите, стапалата, бубрезите и срцето.

Типови на Diabetes mellitus

Постојат 2 главни типови на дијабетес - тип 1 и тип 2
 
Tип 1 дијабетес
Oбично почнува кај мали деца или тинејџери. Без да навлегуваме поподробно во прилините ќе кажеме дека луѓето со овој тип на дијабетес најчето имаат панкреас во кој не се произведува доволно или пак воопшто инсулин. Ова значи дека тие треба редовно да примаат инсулин со цел нивото на шеќер во крвта да остане во нормални граници.
 
Тип 2 дијабетес
Овие луѓе имаат панкреас кој создава инсулин. Но, кај нив најчесто рецепторите за инсулинот кои се наоѓаат на клетките се помалку осетливи. Од своја страна оваа "неосетливост" кон инсулинот води кон создавање на инсулин во поголеми количини што со текот на времето доведува  до исцрпување на клетките кои го произведуваат овој хормон. Штом тие рецептори престанат да реагираат на инсулинот шеќерот останува заклучен надвор од клетките, во крвта. Овој тип се сретнува почесто кај возрасни и стари лица. Некои нездрави животни навики и сотојби како прекумерната телесна состојба и пушењето можат да ја зголемат веројатноста за настанување на овој тип на дијабетес.
 
Погледнете ја следната едукативна видео анимација:
 

www.doktori.mk, 23.07.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина