Алое Вера – тајната на Клеопатра

м-р Ана Танаскоска
креативен соработник

Легендите велат

Се верува дека заносната Клеопатра (68 п.н.е.) која и ден денес важи за идеал за убавина, кожата ја одржувала преку желето од алое вера, коe во тоа време не билo се уште нашироко познатo по моќите што ги поседува. Мистичната алое вера и ја одржувала кожата на телото здрава, сјајна и што е најбитно ја подмладувала (бидејќи таа го стимулира производството на колаген во кожата). Оваа билка била пронајдена помеѓу козметичките препарати кои ги користела Клеопатра, па оттаму и инспирацијата на денешните козметички компании.

Една друга легенда вели дека Александар Македонски водел битки за да го запоседне островот Сокотра (денешен Јемен) во 333 п.н.е, за да дојде до што повеќе свежа алое вера, а причината е една – со сокот од алое вера да ги излечи раните на неговите војници. Станува збор за историската битка кај Ис.

Од поновата историја би го споменале Ганди кој за време на строгите пости, снагата ја одржувал исклучиво преку гелот од алое вера.

Поблиски карактеристики и докажани својства

Од 300 различни видови алое вера, само 1 од нив се користи за медицински цели – Aloe Barbandensis Miller. Преку 200 научни истражувања несомнено ја докажуваат важноста на оваа билка во унапредувањето на здравјето на човекот.

Природната алое верата содржи: калциум, магнезиум, витамини А, Ц, Е, Б12 и Д, германиум, есенцијални масни киселини, ензими, 18 амино киселини итн.

Сокот од алое вера е сврстен во еден од најдобрите прочистувачи на телото и внатрешните органи, поточно на желудник, црн дроб, бубрези, слезина, мочен меур.

Ефектите на алое верата особено биле забележани кај пациенти кои претходно биле оперирани од некоја тешка болест, па покрај хемотерапијата и зрачењето на кое биле изложени, нивниот медицински третман бил надополнет и со гел од алое вера. Пациентите чувствувале намалување на тегобите и зголемување на нивната енергија. Меѓутоа ефектите се одвивале постапно, а не наеднаш.

Ја одржува влажноста, сјајот и еластичноста на кожата, преку неа се зголемува производството на колаген, помага при лекување на изгорениците на телото (од сонце или од зрачење) и ја ублажува болката, се користи и при лекување на хемороиди, дерматитис, црвенило, иритации, псоријаза, воспаление на очи, а воедно и успешно ги измазнува брчките.

Гелот од алое вера има детокс ефекти врз организмот, кои пак се проследени со најчесто три знаци : дијареа (во првите неколку дена), главоболка и чешање на кожата.

Го одржува организмот стабилен и го чуба имунолошкиот систем од болести како рак, тумор, сида, го редуцира шеќерот во крвта кај дијабет I и II, а исто така ги редуцира и воспалителните процеси како колитис, артритис, гастритис.

Мукополисахаридите кои ги содржи вршат превенција од артеосклероза, срцеви заболувања и Паркинсонова болест. Има антибактериски и антивоспалителни својства. Игра важна улога и при заздравувањето на оштетените ткива и уништување на патогените организми. Затоа е и добра за одржување на оралното здравје, поточно на устата и забите.

Најдобри и најбрзи ефекти дава преку напоредна надворешна и внатрешна употреба.

 

 

Светот во улога на потрошувач

Доколку се одлучите да вклучите алое вера гел во исхраната, препорачано е тоа да биде 100% природен препарат бидејќи повеќето компании на пазарот, како и нивните дистрибутери, се стремат да остварат брз профит и затоа ја лажираат етикетата, на која нема ниту точен состав, ниту печат за загарантиран квалитет и поради конзистентност на гелот додаваат вештачки бои на производ кој би требало да е природен.

Во нашите поголеми маркети може да се најде сок од алое вера во кој има и малечки парценца желе, секако претходно обработени. Овој сок кој е достапен за сите има благ вкус, додека концентрираниот 100% гел кој не може да се набави насекаде има горчлив вкус и по малку е тежок за пиење. Несакан ефект досега не е регистриран ниту еден.

Проследете ги убавините на погореспоменатиот остров Сокотра (Island of Socotra, Yemen, Indian Ocean) кој е вчодоневидувачки убав и живописен, а за кој веруваме првпат слушате, исто како и ние :-)

А.Т.

www.doktori.mk, 19.07.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил