Доктори.мк | Третман на сончеви изгореници – Видео | tretman-na-soncevi-izgorenici-video | Портал за медицина и здравје

Третман на сончеви изгореници – Видео

Летaтa секогаш со себе носат пеколни горештини. Многумина од вас спас од високите температури бараат во летните туристички центри. Капењето и сончањето на охридските плажи е примамливо, но може да предизвика и несакани последици.

Сите знаеме дека прекумерното изложување на сонце може да биде штетно. Го знаеме ризикот од сончевите изгореници. Но, мало невнимание може да доведе во вечерните часови да почувствуваме печење и топлина по телото и црвенило на кожата.

Сончевите изгореници можат да бидат многу непријатни и да Ви го расипат одморот. Избегнувањето на жешкото сонце и седењето под сенка се најдобри за превенција, но што ако сепак се случи да изгориме од сонцето? Во следното видео дерматологот д-р Дорис Деј зборува за третманот на веќе настанатите сончеви изгореници.

Доколку покрај сончевите изгореници почувствувате треска и вртоглавици, веднаш побарајте професионална лекарска помош бидејќи здравствената состојба може да биде посериозно нарушена.

објавено на: 06.07.2011

www.doktori.mk, 13.08.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина