Основни свесни модели на односот доктор-пациент

доктор на медицина

1. Моделот на активност - пасивност

Томас Шаш и Марк Холендер ги опишале трите основни модели на односот доктор - пациент. Првиот модел, активност - пасивност, историски е најстар. Тој не е вистинска интеракција, туку попрво врска, однос во кој активниот доктор му прави нешто на пасивниот реципиент - пациентот.

Ова е модел на многу од достигнувањата на модерната медицина, како што се хирургијата и анестезијата и е најмногу прилагоден за третман на итните случаи во кои пациентот може да е повеќекратно повреден, тешко да крвари, да е во делирантна состојба или коматозен. Прототип на овој модел е односот на родител - дете.

2. Моделот на водење - соработка

Овој модел е во основата на голем дел од модерната медицинска пракса. Ова е интеракција во која пацентот, оптеретен со симптоми како што се оние на акутното воспаление, активно бара помош од докторот, кој му кажува на пациентот што да прави. Истовремено очекува пациентот да “се покорува“ и да соработува со препорачаниот третман. Од пациентот не се очекува да поставува прашања, да не се согласува или да не го следи медицинскиот совет кој го добил. Со други зборови ова е однос помеѓу личности со нееднаква моќ, а прототип на овој модел е односот родител - дете или родител - адолесцент.

3. Модел на взаемно учество

Ова е модел во кој и двете страни, докторот и пациентот имаат приближно иста моќ во соработувањето или сојузот и во кој и двајцата се стремат кон заедничко согласување во врска со целта. Во овој модел докторот му помага на пациентот да си помогне самиот себе си. Ова е пригоден модел за речиси сите форми на психотерапија и исто така е неопходен во третманот на повеќето хронични болести, каде што третманот е понесен примарно од пациентот. Овој модел бара покомплексен психолошки развој на двете страни отколку претходните два модели. Според тоа, прототип на овој модел е односот возрасен - возрасен.

Претходнo од рубриката:

www.doktori.mk, 13.07.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина