Електрокардиограм (ЕКГ) - видео анимација

Електрокардиографијата е често употребувана, едноставна и неинвазивна процедура со која се снимаат електричните сигнали на срцето. 

Електрокардограмот (ЕКГ, ECG) претставува запис на електричната активност на срцето.

Од што се состои?

Електродите се поставуваат на кожата на градниот кош, рацете и нозете и се поврзуваат на специфичен начин со апаратот. Штом апаратот се вклучи тој ја мери севкупната електрична активност во и околу срцето. Резулатот се печати на хартија, или пак се покажува на монитор.

Срцето и неговата електрична активност

Срцето е орган кој  работи непрекинато, со секое оттчукување пумпајќи крв богата со кислород и хранливи материи кон сите делови од организмот. Секое срцево оттчукување е стимулирано од електрични сигнали кои поминуваат низ срцевиот мускул.

Електричните сигнали на срцето тргнуваат од СА јазол, патуваат преку преткоморите до АВ јазолот, од каде продолжуваат низ меѓукоморската преграда заедно во вид на сноп, кој потоа се разгранува носејќи ги импулсите нагоре низ мускулот на срцевите коморите.

Штом импулсот помине низ спровидните патишта и стигне до мускулното ткиво на преткоморите, односно коморите - предизвикува нивна контракција. Крвта од  преткоморите се испумпува кон коморите, а од нив пак кон белите дробови и сите други делови на телото.

Што прикажува електрокардиограмот?

Електрокардограмот како што погоре споменавме, е запис на електричната активност на срцето. За лекарот тој е многу важна и корисна алатка, со која може иницијално да се процени на состојбата на срцето. Варијации на нормалниот електрокардиограм може да зборуваат за оштетување на срцето поради срцев удар или некое друго срцево заболување. 

слика: нормален електрокардиограм

Што е тоа коронарен стрес тест? >>>

www.doktori.mk, 12.07.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина