Подмладување на гласот - ново откритие во "фонтаната на младоста"

Што најмногу ги открива вашите години?

Заборавете на брчките – вашиот глас е тој што ги открива вашите години. Се повеќе Американки одат на операција наречена „војслифт“ за да ја вратат младоста на својот глас

 

Кога ќе навлезат во средни години, жените на секој можен начин се обидуваат да го спречат процесот на стареење. Го засилуваат режимот на вежбање, користат скапи креми против брчки, го намалуваат алкохолот, јадат поздраво. Но забораваат дека ги издава и сопствениот глас кој со годините станува рапав и подлабок. Не ви вреди блескавиот тен и сјајната кожа, кога гласот зборува дека сте навлезени во години.

Иако на светот постојат многу видови на третмани за госпоѓи кои не знаат да се носат со годините (нинклес – третман за пеглање на брчките на колената или канклес – остранување на масните наслаги од глуждовите), се појави и нов третман – „војслифт“ или подмладување на гласот. Тоа е хируршки зафат кој ги обновува гласните жици и веќе се забележуваат многу Американки кои се подвргнале на таква операција за да им звучи гласот помладо, пишува Дејли Меил.

Гласот осцилира во циклуси

- Живееме во општество во кое луѓето сакаат да изгледаат млади, а сега сакаат така и да звучат, вели др. Џон Рубин, оториноларинголог во една лондонска болница. - Забележавме дека се повеќе лица се појавуваат со прашања кои се однесуваат на стареење на нивниот глас, вели Рубин.

Имено, гласните жици се дел од гркленот со структура на ткиво на мускул и рскавица и се наоѓаат на врвот на дишникот. Родени сме со грклени високо поставени во грлото, така да е намален ризикот од гушење со храна. Но, како што старееме, гркленот се спушта и нашите гласови стануваат подлабоки.

Секако, на гласот влијаат и исхраната, алкохолот, стресот, тежината, а најмногу хормоните. Женскиот глас може да се промени непосредно пред менструација, кога во телото се наоѓа голема количина прогестерон. Оперските пеачки понекогаш добиваат многу подлабоки гласови и не пеат во тој период од циклусот.

Во менопаузата, кога нивото на естрогенот значително се намалува, гласните жици се сушат. - Гласните жици мора да имаат одредена количина на влага за да можат исправно да функционираат, мора да бидат подмачкани, вели др. Рубин.

Дебелината е добра за гласот

- Некои од моите колеги препорачуваат витамини како што се магнезиум, цинк и калциум за жените во менопауза, но јас се плашам од нуспојави. Добра вест е дека најдобриот извор на естроген по менопаузата се наоѓа во масните клетки, така да не е добро да се практикуваат драстични диети. За вашиот глас е подобро да имате неколку килограми вишок, тврди др. Рубин.

Но, нашиот глас не го остаруваат само гласните жици. - Како што старееме, нашето ткиво губи еластичност. Нашиот капацитет на белодробните крила драматично се намалува, што секако влијае на силата на гласот, вели британската докторка Рут Епстен.

- Со годините, бројот на жлездите во нашето тело се намалува, вклучувајќи ги и тие околу гркленот и гласните жици. Жлездите произведуваат слуз, а кога количината на таа течност ќе се намали, гласот може да звучи рапаво. Ако гласните жици ви се здрави имаат бисерно бела боја (розевата и црвената значат напрегнување и сигнализира воспаление на грлото). Препорачувам дополнителна хидратација и здрави гласни жици. Едноставно пијте повеќе вода, советува др. Рубин.

Пејте на цел глас

- Ако носите претесни чевли ќе добиете плускавци, а кога ги напрегнувата гласните жици со кашлање, ќе се појават израстоци, вели таа. Исто така, треба да се избегнува храна богата со киселини, што значи дека зачинета храна, бело вино и лимон не треба често да се конзумираат. Црните вина се подобри бидејќи помалку се кисели. Солта не е непријател на гласот бидејќи ни помага да ја задржиме течноста, а чајот и кафето поради диуретските особини на кофеинот, влијаат на губење на течностите.

Докторите советуваат да останете ведри, бидејќи депресијата може да има драматично влијание на звукот кој го произведуваме, сметајќи дека психичкиот стрес предизвикува притисок на гласните жици. Конечно, пејте бидејќи така ќе ги тренирате важните мускули. И нема да ви треба „војслифт“, третман со кој масното ткиво од желудникот се лепи на гласните жици за да се здебелат. Во САД тоа веќе се прави во козметички цели, а операцијата чини 25.000 долари.

 

 

Извор МИА(tportal.hr - Загреб)

 
www.doktori.mk, 20.08.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина