Доктори.мк | Брусница во третман на уринарни инфекции | brusnica-vo-tretman-na-urinarni-infekcii- | Портал за медицина и здравје

Брусница во третман на уринарни инфекции

магистер по фармација

Vaccinium macrocarpon Aiton, fam.Ericaceae

Оваа мала полегната, зимзелена грмушка која ги развива добро познатите сјајни црвени бобинки е богата со фруктоза, киселини (јаболкова, хина, лимонска, бензоева) и антоцијани (3-О-галактозиди и 3-О-арабинозиди на цијанидин и пеонидин), а исто така, содржи флавоноиди и кондензирани танини (проантоцијанидини).

Клинички истражувања и донесување заклучоци, низ историјата до денес, за можниот механизам на дејствување на брусницата

Механизмот на дејство на брусницата поттикнал многу научни дискусии. Нејзината употреба како диуретик била за прв пат објавена во 1787 година. Една жена, најверојатно со едем (ретенција на вода), била излекувана со јадење на големи количества бобинки од брусница. Овие сознанија провејувале по литературата на осумнаесеттиот век, за да станат еден вид на општи информации на чекор на дваесет и првиот век.

Научните докази кои се поврзани со состојбата на уринарниот тракт биле признаени од страна на германски доктори во средината на 1800 година. Тие имаат забележано дека по ингестија на брусница, уринарната екскреција на хипурната киселина е зголемена. Тоа довело до верување дека брусниците содржат соединение, можеби бензоева киселина, што се метаболизира во организмот и произведува хипурна киселина во урината. Во високи концентрации, хипурната киселина се сметало дека има силна антибактериска активност. Меѓутоа, пациентот мора да пие најмалку 1500 ml сок дневно, или да јаде големи количества на бобинки од брусница, за одржување на уринарната pH вредност на 5,5, што е поврзано со антибактериското дејство. За повеќето, оваа доза е едноставно превисока и реално не може да се очекува пациентите да пијат толку многу.

Нови информации - нова надеж

Истражувањата во 1980-тите години почнале да пролеваат нова светлина врз некои други можни механизми на дејство со кои може да се објасни антибактерискиот ефект на сокот од брусница, без поврзаност со уринарното закиселување и хипурната киселина. Во 1984 година бил објавен труд во "Journal of Urology", кој заедно со трудот од 1988 година во “Microbios” покажал дека кога глувците се хранат со сок од брусница, за 80% е инхибирана адхеренцијата на E.coli за епителните клетки на нивниот уринарен тракт, а слични активности биле пронајдени и во човечки субјекти.

Дали само една хемиска компонента во сокот е одговорна за новонастанатото анти-адхезивно дејство врз E. coli?

Првите докази се појавиле во 1989 година, кога израелска истражувачка група испитувала хемиски фракции на голем број овошни сокови (боровинка, брусница, грејпфрут, гуава, манго, портокал и ананас). Тие откриле дека фруктозата, заедничкиот шеќер во многу овошни сокови, инхибира фимбријална адхeренција. Исто така утврдиле дека некое недифундирачко полимерно соединение изолирано од сокот од брусница (и сок од боровинки) има најпотентно дејство, инхибира адхеренција поврзана со E. coli. Ова соединение продуцира антибактериско дејство во желудникот или во мочниот меур, придржувајќи се на ситните влакна на бактериската површина, со што спречува да се имплантира во ткивните мукозни облоги. Со тоа едноставно ги “испира” бактериите надвор од телото преку урината. Всушност брусницата конкретно го инхибира хемаглутатионот на Е. coli преку експресија на тип 1 и П адхезинот.

Во 1991 година израелските истражувачи издале во “New England Journal of Medicine” нов труд кој ги потврдил претходните студии и резултати за антибактериската активност на брусницата, која е резултат на инхибиција на бактериска адхеренција врз мукозните мембрани на уринарниот тракт. Откако станало јасно дека сокот од брусница може да инхибира прилепување, фруктозата и витаминот Ц исто така биле тестирани за нивниот адхезивно-инхибиторен капацитет. Додавањето на дополнителна фруктоза во сокот не покажало дополнителни ефекти. Кога концентрацијата на сокот од брусница била сведена на 10 %, можело да се види мал адитивен ефект. Не биле пронајдени забележителни ефекти на витаминот Ц.

Сокот од брусница – терапија за уринарни инфекции

Сокот од брусница може да функционира како природна или дополнителна превентивна терапија за инфекции на уринарниот тракт. Ова е важно бидејќи прекумерната употреба на антибиотици може да доведе до отпор кон нивната ефикасност.

Сокот од брусница, исто така, е корисен за намалување на катетер-опструирано производство на слуз кај пациенти со ентероуроцистопласит. Слично на тоа, производството на мирис е намалено и урината е бистра кај деца кај кои е потребна редовна самостојна катетеризација и кои исто така пијат брусница.

Во многу понатамошни клинички контролирани испитувања бил докажан механизмот на дејство на брусницата.

Несакани реакции

Брусницата се смета за безбеден хербален лек. Резултатите од клиничките студии покажуваат дека сокот од брусница не е прифатливо да се користи подолг временски период. Капсулите може да бидат поприфатливи. Една мала студија покажала значителен пораст на нивото на уринарниот оксалат, промовирајќи предупредување дека редовната употреба на брусница може да го зголеми ризикот од формирање на камен во бубрег кај пациенти со историја за оксалатни камења.

Брусница, во терапевтски дози, нема позната токсичност и е безбедна за употреба од страна на бремените жени. Некои пациенти може да почувствуваат блага гастроинтестинална вознемиреност.

Засладувањето на сокот треба да се избегнува или минимизира.

Интеракции

Досега не се пријавени значителни растение – лек интеракции.

Една студија покажала дека брусницата може да ја зголеми апсорпцијата на витамин Б12 кај пациенти кои, исто така, земаат инхибитори на протонска пумпа и дека тоа може да им дозволи на бубрезите да ги метаболизираат слабо алкалните лекови (како што се антидепресиви и опиоиди) побрзо, со што се намалува нивната ефикасност.

Пациентите кои земаат терапевтска доза не треба да се грижат за намалување на ефикасноста на мечкиното грозје или антибиотиците, бидејќи урината не се закиселува кај најголем дел луѓе кои земаат вообичаени терапевтски дози.

Мерки на претпазливост

Обично, дневно може да се користат 2 до 3 капсули кои обезбедуваат најмалку 400 mg екстракт од брусница. Повисоки дози можат да бидат потребни за лекување на акутни инфекции. Овие капсули ги избегнуваат проблемите на пациенти со нерамнотежа во крвниот шеќер каде е потребно да се избегнува засладувањето и одбивноста од незасладениот екстракт од брусница.

Дозирани форми

  • незасладен сок од брусница;
  • коктел од брусница;
  • таблети со екстракт од брусница.

Подготовка / Дозирање

Препорачаните дози за профилакса на уринарни инфекции се врз основа на најновите позитивни рандомизирани контролирани студии, кои користеле по една таблета на концентриран екстракт од брусница (300 до 400 mg) два пати дневно, или 8 ml од чисто незасладен сок од брусница три пати дневно, како и разреден сок (150-600 ml, два пати дневно), или суви капсули од сок (juice capsules) - 300-400 mg, два пати дневно.

дознајте повеќе за авторот >>>

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

објавено на 05.07.2011 

www.doktori.mk, 18.04.2012

Последна вест

Најчитани статии - фармација