Каков нос - таков карактер

м-р Ана Танаскоска
креативен соработник

Уште од многу, многу одамна, луѓето пробувале да изнајдат корелација меѓу физиономијата на носот со специфичниот персоналитет што е обележје на секоја индивидуа.

Носот не служи само за препознавање мириси и за дишење. Експертите веруваат дека обликот на носот во голема мера го открива карактерот на личноста. Simon Brown, автор на ‘’The secrets of face reading’’, преку анализа на обликот на носот, дошол до следниве поделби и заклучоци:

1. Засукан нос

Карактеристики: долга носна коска, се извива како слив и на крајот рамномерно се држи со долната коска.

Анализа: луѓето сопственици на овој нос се друштвени, добродушни, оптимисти, карактерни и внимателни особи. Се работи за личности кои се полни со ентузијазам за нови доживувања. Луѓе кои трагаат по авантури и кои даваат голема љубов и поддршка на семејството и пријателите.

Примери: актерката Никол Кидман, Мерилин Монро и Викторија Бекам.

2. Римски

Карактеристики: овој тип на нос има мал пад од средината на носната коска што води кон долниот крај на носот. Во профил носот не изгледа рамен, туку на едно место изгледа повисоко, па се спушта. 

Анализа: оваа форма на нос е сигнал за силна личност која не реагира импулсивно во дадени ситуации, ниту пак избрзува при донесувањето одлуки.  Се работи за луѓе кои ги мотивираат другите и можат лесно да ги искалкулираат туѓите намери и кои поседуваат карактеристики на лидер.

Примери: Никола Саркози, Боно U2, Абрахам Линколн.

3. Грчки

Карактеристики: права и долга носна коска која е силно впечатлива. Кај овој тип нос се формира агол помеѓу врвот на носот и горната усна.

Анализа: ефикасни, работливи, на емоционалните луѓе им е тешко да ги разберат. Вешто ги сокриваат емоциите, не се паничари, логички размислуваат и се родени да бидат менаџери.

Примери: Маргарет Тачер, Тони Блер.

4. Грабливец

Карактеристики: овој тип нос многу наликува на клун од орел или на било кој останат грабливец.

Карактер: Од шесте типови нос, на луѓето со ваков нос им е многу битно што другите ќе кажат за нив. Не бараат одобрение од никого за ништо, најсреќни се кога си ги извршуваат личните цели. Имаат различни размислувања од другите, кои најчесто се бунтовни. Си имаат свој зацртан пат и ретко ја следат толпата.

Примери: Парис Хилтон, Данте Алигиери, Џон Ленон.

5. Чпртав, сплескан нос

Карактеристики: најчесто е со кратки коски, нема испакнати делови, само на крајот е поширок и подебел.

Карактер: интелигентни и внимателни луѓе. Размислуваат побрзо од просечниот човек. Реагираат брзо или пребрзо и понекогаш покажуваат знаци на агресивност.

Примери: Лили Ален, Џони Деп, Мухамед Али.

6. Нубиски

Карактеристики: краток нос, кој на крајот е широк. Овој тип нос се среќава кај одредени етнички групи.

Карактер: одраз на креативни, љубопитни,страствени и харизматични луѓе. Се трудат да дојдат до нови начини при решавањето на проблеми.

Примери: Брака Обама, Наоми Кембел, Вил Смит.

Од лево кон десно: Засукан, Грабливец, Грчки, Римски и Нубиски.

 

 

Дали и колку има вистина не знаеме, но вреди да се провери. Сега, откако се изнагледавте туѓи носеви, разгледајте ваши слики и сврстете го вашиот!

Каков и да е, сепак си е ваш и најубав :-)

A.T.

www.doktori.mk, 05.07.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости