Доктори.мк | Јазикот на љубовта - видео | jazik-ljubov | Портал за медицина и здравје

Јазикот на љубовта - видео

Да не дозволиме некому тишината да му е единствениот животен сопатник. Отворете ги очите и препознајте го лицето што вешто се сoкрива зад маската. Отворете ја душата и почувствувајте го рушењето на стереотипите.
 
Нека овој живот биде за секој од нас пријатно доживување. Да тргнеме на заедничко патување. Нашето патување.
Можеби во наредното видео нема многу медицина, но има многу човечност. Сепак, од самиот почеток па се до крајот сите гранки на медицината гравитираат околу еден центар - човекот.
 

Помислете, што ако на десниот дел од клупата седевте Вие?

 

 

"На сите нас, кои сме ставени пред предизвикот, ни е неопходно да бидеме чуени. И да бидеме гледани не како слабост, туку како личност со своја слабост. Да бидеме сфатени не како хендикеп, туку како човечки битија"

Роберт М. Хенс

Зошто би носеле во нас љубов кога не би ја споделувале со другите? Зарем тие би знаеле?
Запомнете: "Да се сака некој со сите негови маани е најголемата доблест."
 
 
www.doktori.mk, 03.12.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил