Доктори.мк | Ова е нашиот единствен дом | Ова-е-нашиот-единствен-дом- | Портал за медицина и здравје

Ова е нашиот единствен дом

Катче кое ни припаѓа на сите подеднакво иако не го третираме како такво.

Тука е почетокот и крајот на нашата приказна. Речиси истата просечна и повторлива приказна за секого, без исклучоци.

Сме го виделе сонцето како изгрева, како заоѓа, сме доживеале толку прекрасни моменти што ќе не одржуваат уште долго во живот и моменти што не фрлиле на земја и уште повеќе не преобратиле и направиле човечни.

На оваа планета секој успева да си го најде своето место под сонцето, се бори за тоа што е негово или барем би требало да биде, се натпреварува сам со себе или со ветерниците и ако е паметен се задоволува и со она малку што го има.

Мизеријата на " човештвото " е во неговата нескромност, себичност, несовесност, негрижа и снобизам за сите останати. Не се работи за тоа дали другиот е човек или е животно или е некој минорен инсект, се работи за тоа колку ТИ се чувствуваш како човек прво кон себе, па кон сите останати.

Си се нашол на ова место под неброено многу, случајно споени коцкички на среќа и икс фактори на кои треба да се радуваш. Толку сме несовршени, толку сме мали, толку сме неважни, ама сепак секој од нас си носи куќичка наречена живот, пред се исполнета со сите познати и непознати чувства, тешкотии, чудни патишта и уште почудни луѓе и судбини, бремиња, но и стотина различни причини за славење.

Нашата куќичка е уникатна и единствена. Но куќичка сака да си има секој. Уживајте во престојот на парчето земја на кое сте се родиле или некое друго кое "случајно" сте го одбрале за ваше и оставете ги и сите други милијарди залутани души да си ја изградат својата куќичка, своето гнездо, своето подземно тунелче ...

Метафората на животот и онака никој не ја совладал.

Глетки кои ни го одземаат здивот и не занемуваат за момент. Ете, за тоа треба да се живее! :-)

A.T.  &  Б.Ш.

-авторски текст, не смее да се користи зa комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 29.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости