Побелената коса наскоро ќе оди во заборав?

Младешкиот изглед наскоро ќе може многу полесно да се одржи од порано. Експерти открија протеин „wnt“, кој спречува побелување на косата, а притоа го поттикнува растот! На ред е правење на лекови, лосиони и шампони кои го зголемуваат нивото на тој протеин во косата.

Научниците најдоа лек против побелување на косата и најдоа начин да го зачувате сјајот на природната боја на косата до староста.

Во серија експерименти, експертите идентификуваа протеин наречен „wnt“ кој е одговорен за производство на боја во косата. Откритието ги зголемува шансите со подготовка на лекови, лосиони и шампони, кои го зголемуваат нивото на тој протеин, на побелената коса да ја вратат бојата и сјајот.

Таков третман би ги поштедил жените во светот од скапи фризерски услуги само за да ја покријат побелената коса. Несомнено ќе биде популарен меѓу средовечните мажи кои би го задржале младешкиот изглед што подолго.

Објавувајќи ги резултатите од истражувањето во магазинот „Сел“, научниците објаснија дека овој протеин покренува синџир од реакции кои резултираат со созревање на матичните клетки во кожата на главата и создава пигмент кој на косата и дава боја.

Благотворниот ефект на овој протеин се гледа и во позитивното влијание на растот на косата, како и во спречувањето на истенчување на косата.

извор: МИА

www.doktori.mk, 27.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости