Доктори.мк | Дишење – видео анимација | disenje-video-animacija | Портал за медицина и здравје

Дишење – видео анимација

Респираторниот систем (системот за дишење) го сочинуваат белите дробови, дишните патишта кои нив ги поврзуваат со надворешната средина и останатите структури во градниот кош кои помагаат во циркулирањето на воздухот од надвор кон белите дробови и обратно.

Воздухот навлегува во организмот преку носот, таму се загрева, навлажнува и филтрира па минува низ носната празнина. Потоа оди во фаринксот, каде што епиглотисот со своето затворање спречува храната да навлезе во трахеата. На почетокот на трахеата се наоѓа ларинксот. Гласните жици, пак, се протегаат врз отворот на ларинксот. По минувањето на ларинксот и трахеата, воздухот продолжува во бронхите.

Бронхите се цевки кои внатре се обложени со трепчест епител и клетки кои произведуваат слуз. Се делат во се помали и помали цевчиња, наречени бронхиоли. Бронхиолите завршуваат во гроздести структури – алвеоли.

Алвеолите се опкружени од богата мрежа на капилари. На нивно ниво се одвива размената на кислородот и јаглерод диоксидот помеѓу надворешната средина и организмот. Процесот на размена на овие гасови во алвеолите се нарекува дишење (респирација).

Во следната видео анимација Ви го претставуваме респираторниот систем и процесот на дишење:

www.doktori.mk, 25.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина