Доктори.мк | Хипотези за сонувањето | hipotezi-za-sonuvanjeto | Портал за медицина и здравје

Хипотези за сонувањето

дипломиран психолог

Соништата и сонувањето отсекогаш побудувале голем интерес кај луѓето. Со својата мистериозност и недоволна разјаснетост, тие се честа тема за дискусија. Постојат многу хипотези и размислувања во врска со соништата. Во оваа статија се претставени неколку од нив.

  • Во текот на ноќта има многу надворешни стимули кои ги бомбардираат нашите чувства, но умот го толкува стимулот и го прави дел од сонот со цел да обезбеди континуитет во спиењето. Сепак, мозокот ќе ја разбуди индивидуата ако е во опасност или ако е тренирана да реагира на одредени звуци, како што е плачење на бебе.
  • Сонот дозволува потиснатите делови од умот да се задоволат со помош на фантазија, а во исто време го одржува свесниот ум подалеку од мисли кои би предизвикале ненадејно будење во шок.
  • Фројд сметал дека лошите соништа му овозможуваат на умот да стекне контрола врз емоциите кои би резултирале од болни доживувања. Јунг сметал дека соништата вршат компензација на одредени ставови кои се чуваат во будната свесност.
  • Ференци претпоставувал дека соништата, ако се поттикне личноста, можат да кажат нешто што отворено не е кажано.
  • Соништата се како операциите за прочистување на компјутерите кога се исклучуваат. Паразитските израстоци и другите „грутки“ се отстрануваат за време на спиењето.

  • Соништата креираат нови идеи преку составување на случајни мутации на мисли. Некои од нив умот може да ги исфрли како бескорисни, додека други може да се сметаат за вредни и да бидат задржани. Блехнер ја нарекуваа оваа теорија „Дарвинизам поврзан со сонот“.
  • Соништата го регулираат расположението.
  • Хартман вели дека соништата можат да функционираат како психотерапија, со „градење на сигурни врски“ и дозволување сонувачот да ги обедини мислите кои се можеби одвоени додека е буден.
  • Неодамнешните истражувања на психологот Грифин, кои следувале по 12-годишното испитување на податоци од најзначајните лаборатории за спиењето, довеле до формулирање на теорија на сонувањето за исполнување на очекувањата, според која сонувањето метафорично пополнува некои емоционални очекувања во автономниот нервен систем и го намалува нивото на стрес кај цицачите.

  • Соништата се производ на „одвоена имагинација“, која што е одвоена од свеста и повлекува материјал од сензорната меморија за стимулација, со сензорна поддршка што резултира во халуцинација. Со стимулирање на сензорни сигнали за движење на автономните нерви, соновите можат да влијаат врз врската ум-тело. Во мозокот и ’рбетот, автономното „обновување на нерви“, кое може да се прошири до крвните садови, ја поврзува болката и притискањето на нервите. Нервите се групирани во повеќе синџири кои во кинеската медицина се наречени меридијани. За време на сонувањето, телото исто така го активира синџирот на меридијани за обнова, помага во сопствениот раст и испраќа сигнали за движење под притисок, со покачување на нивото на ензими за растење.

www.doktori.mk, 24.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости