Ниско калорични коктели за идеално летно освежување

Добредојде лето 2012то :-)

Доколку сте и вие еден од вечните трагачи по забава, на следните предлог коктели веруваме нема да останете рамнодушни. Покрај десетината минути кои се потребни за подготовка, еве шанса да се пробате и во улога на бармен. 

Asian Mojito (105 калории)

Свежото нане и лимоновиот сок го прават овој коктел вистински “чувар” од вишокот калории.

Состојки:

  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 25 мл. бел рум
  • 15 мл. сок од ананас
  • 10 мл. ликер од јаболко
  • 5 ливчиња свежо нане
  • 3 парчиња зелен лимон
  • Сода вода
  • лимон (за декорација)

 

Подготовка:
Ставете ги заедно парчињата зелен лимон, нането и кафеавиот шеќер, изгмечете ги, а потоа додадете ги румот, сода водата, ликерот и сокот од ананас. Протресете ги заедно и ставете ја содржината во висока чаша. Декорирајте со парченца лимон и уживајте...

 

 

Frozen Margarita (153 калории)

Остар, вкусен и најпознат коктел на база на текила. Еден од најомилените коктели на жените.

Состојки:

  • 20 мл. текила
  • 10 мл. Triple Sec.
  • 5 мл. сок од лимон
  • мраз

 

Подготовка:
Промешајте ги заедно сите сосотојки, ставете ја содржината во „Маргарита” чаша, која претходно сте ја декорирале со сол на врвовите и уживајте.

 

 

 

 

 

Pina Colada Smoothie ( 220 калории)

Една чаша од овој тропски пијалок ќе ви овозможи голема количина калциум и една третина од потребната дневна доза на витамин Ц. Идеално освежување за време на летото.

Состојки:

  • 15 мл. бел рум
  • 15 мл. кокосов сируп или кокосов крем
  • 20 мл. сок од ананас
  • половина чаша замрзнати парчиња ананас
  • четвртина чаша замрзнати парчиња банана
  • мраз

Подготовка:
Издробете неколку коцки мраз и додадјте ги румот, кокосовиот сируп (крем) и сокот од ананас. Добро измешајте ја целата содржина, а потоа претурете ја во висока чаша со мраз. Додате ги замрзнатите парченца ананас и банана и декорирајте по желба. (цело парче ананас, коктел чадорче и сл.)

Tokyo Ice Tea (90 калории)

Состојки:

  • 10 мл. водка
  • 5 мл. џин
  • 20 мл. сок од ананас
  • 30 мл. незасладен леден чај
  • третина чаша цеден лимон или портокал

Подготовка:
Се ставаат сите состојки во сад за мешање во кој има мраз и добро се протресуваат. Содржината се става во стаклена чаша. Декорирајте со парче портокал.

Slender Sangria (185 калории)

Состојки:

  • 25 мл. црвено вино
  • половин чаша 100% овошен сок (мешавина брусница, боровинки, грозје)
  • четвртина чаша сечкани портокали и јаболка
  • мраз

 

Подготовка:
Промешајте го виното и сокот. Додадете го сечканото овошје и ставете ја целата содржина во чашата полна со мраз.

 

 

 

 

 

 

Доколку си одбравте омилен коктел, преостанува да ги обезбедите потребните состојки, да завртите неколку телефонски броеви и забавата може да започне. Да наздравиме во име на летото, кое со нетрпение го очекувавме. ;-)

Уживајте...

www.doktori.mk, 19.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - исхрана