Доктори.мк | Предолгото гледање телевизија го намалува животниот век | premnogu-televizija-pokratok-zivot | Портал за медицина и здравје

Предолгото гледање телевизија го намалува животниот век

Можеби родителите ве опоменувале да не поминувате премногу време пред телевизорот - со тврдење дека "мозокот ќе ви се свари", дека тоа не добро за вас, ниту здраво и сл. Меѓутоа досега тие немаа начин како да ги поткрепат своите тврдења.

Имено, една нова палета на истражувања спорведени на Харвард, поточно на тамошната школа за јавно здравје покажува дека предолгото ггледање телевизија го зголемува ризикот од настанување на дијабетес мелитус тип 2, срцеви заболувања и прерана смрт.

Истражувачите ги сумирале резултатите од 8 помали студии и откриле дека за секои 2 часа дневно поминати пред телевизорот ризикот од развивање на шеќерна болест се зголемува за 20 отсто, ризикот за настанување на срцеви заболувања се зголемува за 15 отсто и ризикот за настапување на прерана смрт за 13 отсто.

Според резултатите објавени неделава во "the Journal of the American Medical Association" тоа би значело дека за секои два часа гледање ТВ на ден од 100 000 луѓе  во текот на годината

  • 176 ќе развијат дијабетес,
  • 38 срцево заболување и
  • 104 ќе починат предвремено. 

Пораката е едноставна  - намалете го времето на гледање на телевизија и значително ќе го смалите ризикот од настанување на една од овие состојби.

Предолгото гледање ТВ се поврзува со физичка неактивност и седентерски навики, кои очигледно не работат во ваша полза. Овие навики влијаат врз зголемување на телесната тежина. Дебелината пак, од своја страна е поврзана со нездрави навики во исхраната, ниска физичка активност и висок ризик од погореспоменатите болести.
Резулатите од студијата се делумно ограничени поради тоа што испитаниците сами го пријавувале времето поминато пред ТВ, односно тоа не било објективно надгледувано. Воедно не биле следени навиките во исхраната ниту нивото на физичка активност кај испитаниците.

 

Како и да е, и покрај тоа што се потребни понатамошни испитувања, добро би било доколку овие наоди не поттикнат да се замислиме околу нашите животни приоритети и грижата за сопственото здравје.

Живеј мудро. Живеј здраво.

www.doktori.mk, 17.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил