Доктори.мк | Џогирање | Djogiranje | Портал за медицина и здравје

Џогирање

д-р Маја Киселинова
доктор на медицина

Џогирањето се вбројува во категоријата аеробни вежби. Под џогирање се подразбира трчање на лесна патека со лесен и пријатен ритам.

Кои се здравствените придобивки од џогирањето?

Научниците од Американското здружение за спортска медицина објавија голем број студии во кои е наведено дека џогирањето е интензивен тип на физичка вежба која резултира со многу здравствени придобивки. Една од главните точки во изјавата е дека постои доза на одговор на телото кон вежбањето, и тоа колку повеќе се вежба или колку е потешка вежбата, толку повеќе ќе се има корист од неа.

Џогирањето е лесен, ефтин, и фунционален тип на вежба, која ефикасно го согорува вишокот на телесни масти. Понатаму со овој тип на вежбање доаѓа до:

  • подобрување на кардиореспираторниот фитнес на срцето;
  • подобрување на функционалниот капацитет на белите дробови;
  • зајакнување на коските;
  • потешко заморување;
  • намалување на нивото на стрес;
  • зголемено лачење на ендорфини;
  • чувствување на повеќе енергија;
  • намалување на интензитетот на главоболката;
  • зголемување на самодовербата итн.

Во друга научна студија е објавено дека кај поединци кои џогираат околу 25 км неделно било забележано значително намалување на нивото на холестерол (и до 50 %), како и намалување на крвниот притисок.

Со колкав интензитет треба да џогирам?

Американскиот колеџ за спортска медицина га има објавено следниве препораки:

  • 1. Фреквенцијата на џогирање треба да биде 3 до максимум 5 пати во неделата;
  • 2. Интензитетот на вежбата треба да биде во границите на 55%-90% од максималната срцева фрекфенција;
  • 3. Времетраењето на џогирањето треба да биде од 20-60 минути континуирана или интермитентна физичка активност.

Неколку здравствени сугестии пред да започнете со џогирање

За сите почетници: Пред да започнете со џогирање, пробајте да одите брзо неколку дена предходно.

Внимавајте, секогаш да јадете здрава и добро избалансирана храна.

Избегнувајте јадење, миминум 1.5 часа пред да започнете со џогирање.

Избегнувајте да џогирате во текот на најтоплиот дел од денот, особено во лето.

Пијте многу вода пред, за време и по џогирањето.

Носете лесна облека и соодветни обувки за време на џогирањето.

Земете го Вашиот мобилен телефон со вас.

Носете рефлексивни материјали ако џогирате во раните утрински часови или во текот на ноќта, од безбедносни причини.

Ако се повредите при џогирање, престанете со активноста и веднаш побарајте медицинска помош.

Останати статии од авторот:

www.doktori.mk, 09.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - вежби