Доктори.мк | Настанување на крвен коагулум - видео анимација | nastanuvanje-na-krven-koagulum-video-animacija | Портал за медицина и здравје

Настанување на крвен коагулум - видео анимација

По секоја посекотина или било какво нарушување на интегритетот на крвните садови, во нашиот организам веднаш се активира процесот на коагулација. Со тоа организмот настојува да го спречи губењето на крв.

Во текот на денот, при најмали движења на телото, настануваат голем број повреди на малите крвни садови кои ние и нема да ги приметиме поради брзиот и ефикасен одговор со кој низа крвни фактори го сопираат крварењето.

Во следната видео анимација Ви го претставуваме настанувањето на крвниот коагулум, процес во кој главна улога имаат 4 елементи:

  • Тромбоцитите;
  • Факторите на коагулација;
  • Фибринот и
  • Останатите крвни клетки.

www.doktori.mk, 04.06.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина