Драг 16 годишен Јас

Драг 16-години стар Јас, знам дека ти нема да го погледнеш ова, но затоа ќе го погледне некој друг на твоја возраст . . .

Немој да се плашиш, ова видео не е наменето за да те заплаши или вознемири. Напротив, сакам да знаеш дека меланомот е болест на младите, втор канцер по честота кај децата и тинејџерите и меѓу најчестите кај адолесцентите.

"Меланомот е болест на младата популација"

Во прилог издвојуваме уште неколку делови од видеото:

"Ќе бидеш дијагностициран на 28, 18, 36, 29, 22 години . . ."

Малигниот меланом е тумор кој настанува од меланоцитите, клетки на кожата кои ги обојуваат кожата и косата. Ова не е канцер кој едноставно може да се отстрани. Ова е канцер кој мора да се открие пред да се рашири низ органите и целото тело.

Зарем треба да му дозволиме на меланомот да биде чекор пред нас и да стигне до виталните органи, мозокот, црниот дроб или белите дробови пред ние да стигнеме до него?

Ти си јак и ти оди добро, но би сакал да знаеш:

  • Едно прекумерно сончање пред да наполниш 18 години ги удвојува шансите да добиеш меланом
  • Белата кожа и црвенкастата коса носат зголемен ризик од настанување на оваа болест
  • Ризикот е поголем ако имаш над 50 бенки (младежи)
  • Ризикот е поголем и доколку имаш ослабен имунитет или семејна историја на кожен канцер
  • Исходот е многу добар доколку рано се открие, но шансите за преживување подолго од 5 години се помали од 10% доколку не се открие навремено
  • Шансите за настанување меланом двојно се зголемуваат со користење солариум. (Солариуот функционира на принцип емитирање ултравиолетови зраци)
  • Редовно употребувај крема за сончање и следи ги препораките за безбедно изложување на сонце.
"Кожата е како слонот. Никогаш ништо не заборава."

Имај на ум

  • Не си беспомошен
  • Ова е канцер кој го покажува своето лице на надворешноста од телото

Без одложување

Почни со проверување на твојата кожа. Запознај ја. Почни веднаш. Потребни се 10 минути. Само 10 минути. Еднаш месечно. Доколу забележиш нова бенка или пак дoколку некоја од старите почне да го менува својот изглед, големина, форма или боја, или пак само ти се чини дека изгледа поинаку, што побргу посети го својот кожен лекар.

Отвори ги очите

Меланомот може да го земе и најсилниот човек, најдобриот пријател, љубовта на твојот живот...

Во име на сите млади кои ја изубиле битката, но уште повеќе во име на сите оние што ја добиле и ќе ја добијат.

 
-Сподели го ова со оние кои ти значат-
објавено на 2011-05-30
www.doktori.mk, 16.07.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил