Исхрана при стрес

Тања Турунџиева Станкоска
нутриционист, Вита Диет Клуб

Живееме под постојан стрес. Такво ни е секојдневието. Некој го амортизира стресот преку спорт, некој преку работа, а некој преку храна. Често, кога некој е под стрес или воопшто не јаде или пак јаде прекумерно. Претпоставувам знаете и сами, почести се оние вторите.

Континуирано се појавуваат различни стресни ситуации, а тоа го троши нашиот организам и метаболизам. Воедно, стресот го колабира и нашиот имунолошки систем.

Секоја индивидуа на различен начин се справува со стресот.

Практични совети

Неколку практични совети може да ви помогнат преку храната да го амортизирате и олесните стресот.

Како да го започнете денот

Имено, секое утро започнувајте го денот со 5 ореви од јатка (некршени). Тие содржат големо количество на Б витамини кои се од суштинско значење за нервниот систем.

Цитрусни овошја

Потоа напијте се природно цеден сок од портокал или грејфрут со една лажица мед. Цитрусните овошја содржат витамин Ц кој го одржува во нормални граници лачењето на хормонот што предизвикува стрес. Медот со своите 63 микро елементи придонесува за релаксација и амортизирање на стресот. По овој утрински ритуал, напијте се чај од камилица. Докажано е дека камилицата го заштитува организмот од стрес. Таа го урамнотежува ослободувањето на хормонот на стрес и ги потпомага органите кои го лачат(хипофизата, хипоталмусот и надбубрежната жлезда). Во периоди со постојана напнатост се препорачува овој чај да се консумира по една чаша три пати на ден.

Внесувајте сложени јаглехидрати

Кога говориме околу храна која ослободува од стресот, предност ќе дадеме на сложените јаглехидратите. На прво место би го издвоила компирот заради лупинот. Најдобро е да се подготвува со лушпа. Се разбира тука може да се издвојат сите врсти на зелка, потоа целерот, морковот, келерабата, Мешунките исто така се на видно место. Гравот, леќата, грашокот, боранијата.

Според најновите истражувања, број еден нутритив претставува авокадото, кое содржи специфичен јаглехидрат наречен манохепталоза. Оваа врста на шеќер не стимулира лачење на инсулин-хормон на панкреасот, напротив го кочи.

Фосфатидилхолин кој се наоѓа во сојата ги јакне нервите. Во сојата има и витамин Е, кој помага во амортизација на стресот. Тој се наоѓа и во маслинките, билните масла, пченката. Можеби ви се случило кога сте под стрес да посегнете по маслинки. За амортизација на стресот се препорачуваат и нутритиви кои содржат селен, како што се морските плодови и морските риби, житарките и јаткастите плодови. Продуктите кои содржат фолна киселина, како што се лиснатите зеленчуци, го релаксираат нервниот систем.

Овошје и зеленчук

Во секојдневната исхрана за амортизација на стресот неминовни се и свежите ензими од овошјето и зеленчукот. Секојдневното консумирање на овошјето во свежа форма ни го ревитализира организмот. Најважни за стресни ситуации од овошјето се јагодите, црешните, ананасот, кивите, лубеницата, крушата. Од зеленчукот води дајконот, целерот, морковот, белата трупка  и ѓумбирот.

Што треба да избегнувате?

За жал, морат да се споменат и нутритиви кој дополнително развиваат хиперсензибилност на организмот, создавајќи плодна почва за продлабочување на стресот. Тоа се алкохолот, кафето, кофеинските напитоци и шеќерот.

За крај

Консумирањето на здрава храна ќе ви помогне во намалувањето и амортизирањето на стресот.

Хранете се здраво за да си го сочувате своето здравје.

 

-ВИТА ДИЕТ КЛУБ-

објавено 2011-05-27, обновено 2011-10-19

www.doktori.mk, 07.07.2015

Последна вест

Најчитани статии - исхрана