Медицински феномени – Човек кој трча маратони секој ден во годината

Еден невообичаен Белгиец го постави Светскиот рекорд во трчање последователни маратони, трчајќи секој ден по еден маратон во период од 365 дена. На 49-годишниот Стефан Енгелс како дете, поради астма, му било дури и забрането да се бави со спорт.

Својот подвиг Енгелс го почнал минатата година во родната Белгија за да го заврши во Барселона, на 05.02.2011. Во тој период тотално истрчал над 15 000 километри.

Мисли позитивно!

Стефан изјавува дека трчал рекреативно скоро цел живот, не трча брзо и неговиот пулс, кој е природно понизок, никогаш не достига над 100/мин. Физички брзо се опоравувал, меѓутоа најголемиот предизвик бил менталниот. Самата помисла дека секој ден треба да трча над 42 километри, не била едноставна.

Зборувајќи за тоа како успеал во предизвикот, Белгиецот вели дека освен позитивната мисла, многу му помогнале секојдневните масажи и спиењето по 10 часа дневно.

Стефан Енгелс е уште еден жив доказ дека психичката сила и волјата секогаш победуваат. Гледајте го интервјуто со овој феномен подолу, кое се надеваме ќе Ве инспирира:

Останати видео-статии од рубриката Медицински феномени:

Б.С.

www.doktori.mk, 24.05.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости