Вежбам, а не слабеам?

доктор на медицина

Не се залажувајте, вежбање не е исто со слабеење. Но, немојте ова да го искористите како оправдување за целиот викенд да го минете опуштено во фотељата пред телевизор или наместо да се качувате по скали да го користите лифтот.

Имајте на ум дека телесната активност помага во одржување на здравото ниво на холестеролот, го регулира крвниот притисок, ги одржува мускулите во форма, а поволно делува и врз работата на мозокот. Но, она што треба да го отфрлите како идеја е дека спортот или било каква физичка активност е најдобар начин за брзо губење на килограмите. Во Америка е издадена книга на оваа тема "Добри калории, лоши калирии" ( Good Calories, bad calories ), од авторот Гери Таубс (Gary Taubes) кој неколку години собирал податоци разговарајќи со повеќе од 600 специјалисти по нутриционизам и метаболизам. Во книгата се побиени многу уверувања поврзани со килограмите, диетите и калориите.

Фитнес револуција

Последните испитувања ја дефинирале прекумерната тежина како сложена тема. Тие покажале дека не е само земањето поголема количина на храна и согорувањето на премалку калории доволен аргумент за да се објасни глобалната епидемија на дебелеење и дека за таложењето на килограмите кои никако не одат надолу се одговорни и многу други фактори. Џин Маер, познат нутриционист од Харвард, започнал голема кампања за промовирање на спортот, вежбањето и останатите видови на физичка активност т.е. започнал фитнес револуција, бидејќи стоел позади тврдењето дека вежбањето е највлијателниот лек против дебелината. Но, научни докази кои би ја потврдиле оваа теорија на Маер не се нашле. Така се тврди и во книгата на Таубс во која се наведени многу тврдења кои ги побиваат сите теории на Маер. Меѓу нив е наведен и експериментот со глувци тркачи: глувците кои повеќе трчале биле исцрпени и барале повеќе храна ама не изгубиле килограми - тежината им останала иста.

Виновни се гените

Моментално најбројни се истражувањата во областа на генетиката. Претпоставката дека гените се виновни за дебелината може да објасни зошто битката со килограмите е тешка и макотрпна работа која често не дава посакувани резултати. Луѓето кои се слаби, според ова теорија, не се слаби затоа што поминуваат часови и часови во теретана или џогираат. Нивниот организам е програмиран да внесените калории ги испраќа до мускулите каде се согоруваат, а не да се исталожат во масното ткиво. А всушност за масното ткиво се водат најжестоки расправии - лекарите тврдат дека масното ткиво треба да го гледаме како орган, а не како ткиво. Според новата теорија "масниот огран" е составен од две ткива: бело и кафеаво. Белото ткиво (салото) има функција да чува и отпушта енергија во организмот во текот на денот. Кафеавото ткиво има ист состав, ама друга функција: тоа создава топлина и ја одржува телесната температура константна. Кога ни е ладно, мозокот пушта сигнали кои го активираат кафеавото ткиво кое троши калории за создавање топлина. Испитувања вршени врз глувци покажале дека кафеавото ткиво не се активира само со промена на температурата туку и со калорична храна: глувците на кои не им било извадено кафеавото ткиво се здебелиле многу помалку од јадење калорична храна од оние на кои им било извадено кафеавото ткиво.

Мускули, ве молам!

Научниците тврдат дека кафеавите и белите масни клетки во организмот можат да преминат едни во други под дејство на некои стимулси. На пример, кога организмот долго време е изложен на многу ладно, белото ткиво "помага" така што се трансформира во кафеаво па телото согорува повеќе енергија и калории за да се произведе топлина (во скандинавските земји стапката на претилност значително е пониска отколку во земјите со топли клими). Кога би успеале во човечкиот организам да ја зголемиме количината за кафеаво ткиво, а би ја намалиле на белото, тогаш би имале оружје против дебелината и дијабетесот. Но како до тогаш да се бориме со килограмите?

 

Нашиот предлог е да се посветите на здравата исхрана, да не се прејадувате и да избегнувате продукти кои дебелат. Но, не го отфрлајте вежбањето - физичката активност можда нема да Ви помогне да ги стопите килограмите, ама ќе Ви го промени телесниот состав. Иако вагата ќе покажува иста па дури и повисока вредност, Вие ќе бидете градени од мускули а не од масти - а тоа не е баш занемарливо.

 

Зошто сме се подебели?

Еве што се влијае на стрелката на вагата:

  • Помалку сон, повеќе кила. Недоволен сон (помалку од 7 часа) доведува до промени на нивото на хормоните и повеќе потреба за храна. Колку помалку спиете толку повеќе се дебелеете.
  • Дебели и загадени. Хемиски соединенија, пестициди, пластика и.т.н. лошо влијаат врз ендокрините жлезди и доведуваат до таложење на килограми.
  • Топло-ладно. Кога температурата на просторијата во која се наоѓаме е во т.н. неутрална зона, немаме потреба за трошење енергија за кревање или спуштање на телесната температура.
  • "Калорични" лекови. Многу лекови можe (ама и не мора) да доведат до зголемување на тежината - антидепресиви, бета блокатори, антихистаминици, контрацептиви...
  • Раса и пол. Афро-Американците на средни години и латино-Американците се склони на прекумерна тежина. Кај Мексиканките процентот на гојазност изнесува 30%, а 50% од црнкините од целиот свет се борат со прекумерната тежина.
  • Дебела мајка. Дебелината и дијабетесот на мајката во текот на бременоста и доењето ја зголемуваат можноста и детето да има проблеми со тежината во покасните години.
  • Новороденче на вага. Деца родени со поголема родилна тежина од просечно, дури и оние кои не се родени потешки, а во првите месеци од животот "ставиле" повеќе килограми од просечно, се склони кон вишок килограми подоцна во животот.

Останати статии од авторот:

www.doktori.mk, 23.05.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил