Учењето на нов јазик помага против Алцхајмер

Ова изненадувачко тврдење е резултат од неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот "York" од Торонто. Групата предводена од психологот Елен Бијалсток тестирала 450 пациенти со Алцхајмерова болест. Луѓето кои биле испитувани биле поделени во две категории - првата категорија сочинета од луѓе кои зборувале само еден јазик, втората од луѓе кои зборувале два или повеќе јазици.

Научното истражување водело кон едно интересно откритие.

Имено, дури и ако сите пациенти имале слично конгнитивно ниво, кај пацентите кои биле двојазични болеста се развила во просек четири години подоцна отколку кај еднојазичните пациенти. Разликата во појавата на првите симптоми пак била околу 5 години.

Се смета дека овој феномен се случува заради фактот дека кај луѓето кои се повеќејазични мозокот е постимулиран. Воедно се претпоставува дека кај нив се активира и еден дел од мозочната мрежа кој има функција на систем кој го контролира извршувањето на наредбите. Кај луѓе кои зборуваат два или повеќе јазици, овој дел константно се користи со цел да се спречи интерференција меѓу познатите јазици.

За крај, д-р Бијалсток вели дека иако фактот дека една личност зборува повеќе од еден јазик нема да ја спречи болеста да настане, сепак ќе му помогне на лицето кај кое таа ќе се јави да стане многу поотпорно на ефектите од неа.

Во продолжение дознај повеќе за Алцхајмеровата болест.

www.doktori.mk, 20.05.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил