Доктори.мк | Пилатес тренинзи - видео | pilates-treninzi-video | Портал за медицина и здравје

Пилатес тренинзи - видео

"Пилатесот меѓу спортистите е познат како метод за подобрување на јадрото на мускулите и за зголемување на функционалиот фитнес на телото. Додека за лицата со болки во долниот дел од грбот, лицата со ревматоиден артритис, е познат како метод кој го подобрува држењето на телото, ја зголемува основна сила, ја зголемува мобилноста на телото, спречува настанување на повреда и целосно ја подобрува функционалноста на телото при движење".

Ова се зборови од статијата Пилатес каде може да прочитате повеќе информации за карактеристиките на оваа техника.

Во продолжение погледнете два 10 минутни тренинзи, кои би можеле да станат дел од важата секојдневна рутина.

Тренинг за истегнување

Некои од вежбите прикажани на овој тренинг доведуваат до интензивно истегнување на одредена група мускули. Бидете внимателни да не дојде до повреди. Препорачуваме благо загревање со поопуштени вежби пред почетокот на овој тренинг.

Тренинг за горниот дел од телото

За овие вежби потребни се еднорачни трегови со мала тежина. Доколку немате такви, може лесно сами да направите. Наполнете со песок или друг тежок материјал пластично шишиња од половина или еден литар, тоа ќе доволна и соодветна замена.

Пријатно вежбање.

2011-05-15

www.doktori.mk, 25.08.2012

Последна вест

Најчитани статии - вежби