Отклучете ги хранливите состојки

-vitamix.mk-

Пирамида на здрава исхрана

На секои пет години, УСДА, Одделот за земјоделство во САД и Одделот за здравје и човечки услуги, го проучуваат здравјето на Американците, нивните навики за јадење и тоа што обично се нарекува „пирамида на исхрана“ или „моја пирамида“. Советодавниот комитет за диететски упатства, вклучува тринаесет медицински експерти и нутриционисти кои извршиле оценување на последните научни пронајдоци, за да ги дадат нивните препораки. Тие дошле до заклучок дека специфичните болести како кардиоваскуларни заболувања, дијабетес мелитус тип 2, хипертензија, остеопороза и одредени видови рак, се поврзани со слабата исхрана и недоволната физичка активност. Основната премиса на Водичот за исхрана на УСДА од 2005 е тоа што нутритивните потреби треба да се задоволат, првенствено, со консумирање на храна. Додатоците во исхраната, иако во некои случаи се препорачуваат, не можат да ја заменат здравата исхрана, за да се осигура долг и витален живот.

Клучни препораки

Ова се клучните препораки од научниот документ напишани на 70 страници:

  • Консумирајте доволни количини на овошје и зеленчук. Две чаши овошје и 2-3 чаши зеленчук на ден се препорачуваат како дел од диета базирана на внес на 2.000 калории
  • Консумирајте разновидно овошје и зеленчук секој ден. Поточно, направете избор од сите пет подгрупи зеленчук (темнозелен, портокалов, мешунки, скробен, и други видови зеленчук) и консумирајте неколкупати неделно.
  • Консумирајте 6 или повеќе порции на зрна секој ден, и најмалку половина од нив да се интегрални зрна.
  • Консумирајте 3 чаши обезмастено млеко или млеко со ниска содржина на масти, или соодветни млечни производи.
  • Вкупното внесување на масти, нека биде помеѓу 20-35 проценти од калориите и притоа, најголем дел од мастите да се од извори на полинезаситени и мононезаситени масни киселини, кои ги има во рибата, јаткастото овошје и растителните масла.

Празни калории vs. здрава храна

Лекарите и нутриционистите секојдневно не учат дека е паметно да се заменат празните калории со здрава храна - овошје, зеленчук и житарки. Оваа храна изобилува со хранливи состојки, антиоксиданси, витамини и минерали кои се неопходни за зачувување и одржување на нашето целокупно здравје.

Но се додека здравите намирници не ги подготвите правилно, постои можност да го пропуштите најдоброто од исхраната, односно да не ги искористите хранливите материи кои тие ви ги нудат.

Добро е да се има на ум дека дури и до 86% од хранливите состојки во овошјето зеленчукт житарките и другите вдиови здрава храна се наоѓаат во нивната лушпа, пулпа и семе, или пак се „заклучени“ во внатрешноста на нивните клетки обвиткани со целулозна клеточна мембрана. На овој начин нашето тело не може правилно да ги консумира. Со нормално џвакање на храната апсорпцијата на хранливите материи од консумираната храна е само 30%.

Што претставува Vitamix?

Vitamix Коорпорацијата не е новодојденец. Оваа 85 годишна компанија го усовршуваше Vitamix апаратот уште од 1930-тите. Придобивките се ОГРОМНИ и тоа во корист на вашето здравје! Супермоќниот мотор, направен за комерцијални потреби ги движи прецизно дизајнираните сечила, на тој начин што можат целосно да ги исечат и раздвојат ѕидовите на клетките од секоја храна, за да може вашето тело да ја искористи секоја хранлива компонента.

Кога апаратот работи на висока брзина, не`рѓосувачките челични сечила ги претвораат лушпата и семките во прав, сe со цел да станат подостапни за вашиот организам при нивното консумирање, а тоа е всушност и предноста и уникатноста на Vitamix апаратот, што го прави единствен во светот!

Здравата свежа храна содржи сe што му е потребно на вашиот организам - но вашите заби едноставно не можат целосно да ги изџвакаат сите делови од храната, па затоа и не можете да апсорбирате сe што ви е потребно. Но, повторно, не добивате сe дури и кога хранливите состојки би ги консумирале целосно, затоа што постојат илјадници фитонутритиенти кои се заробени внатре во клеткината структура на храната. Тие едноставно поминуваат низ вашиот дигестивен систем како непреработени за на крај да ги исфрлите од организмот. Но кога чудесниот Vitamix 5200 ќе ја раскине клеткината структура од здравата растителна храна, тогаш приказната е поинаква. На тој начин добивате повеќе растителни влакна, повеќе вкус и многу повеќе хранливост во вашите оброци, дури и многу повеќе отколку што можете да замислите. Вашиот Vitamix 5200 продира длабоко во структурата и ги раскинува мембраните на клетките од секоја храна за да ги ослободи заробените фитонутритиенти.

Отклучете ги хранливите состојки

Со Vitamix 5200, вие можете да ги „отклучите“ хранливите состојки кои се наоѓаат скриени во здравата свежа растителна храна. Она што го прави Vitamix апаратот единствен, е способноста на неговите ножеви да ја раскинат клеточната структура на свежата растителна храна, семките и пулпата.На тој начин се ослободуваат скриените хранливите состојки кои му се потребни на вашето тело за да ги спречи разните болести и да се чувствува посилно. Вашиот организам е во можност да апсорбира дури 95% од хранливите материи од консумираната храна која е обработена со Vitamix 5200.

Сите оброци направени од Vitamix апаратот се многу богати со ензими, антиоксиданси, витамини и минерали во органска форма, со што обезбедуваат хранливо оружје за борба против ракот, дијабетесот, високиот крвен притисок, остеопорозата, артритисот, високиот холестерол, проблемите со прекумерната телесна тежина, како и со секојдневните зла од типот на грип, настинки, проблеми со дигестивниот систем и стресот. Ниеден лек не може да го замени сето ова!

Овозможете му ги придобивките од Vitamix апаратот на вашиот организам и тој ќе биде способен да се бори за вашето здравје и да ви овозможи виталност и долговечност.

Зошто Vitamix 5200?

Од досега кажаното постојат многу причини зошто Vitamix 5200 е вистинскиот избор за вас. Тука ги издвојуваме и

Како изгледа подготовката на најздравиот оброк?

Предлагаме освежување со "smoothie" од свежо овошје

или пак ве советуваме да се препуштите на имагинацијата и заедно со Vitamix апаратот да ги изненадите најблиските со некој друг совршено здрав оброк.

Добар апетит :-)

-vitamix.mk-

-комерцијален текст-

www.doktori.mk, 11.05.2011

Последна вест

Најчитани статии - исхрана