24 факти за пушењето цигари

д-р Маја Киселинова
доктор на медицина

Можете да јадете по пет порции зеленчук и овошје дневно и редовно да вежбате, меѓутоа се додека пушите здравиот живот е недостижен за вас. Пораката “Пушењето е штетно за здравјето” понекогаш можеби звучи и излитено па пушачите ретко ја сфаќаат сериозно. И покрај тоа би сакала да наведам некои факти поврзани со пушењето, кои можеби не сте ги знаеле и кои се надевам ќе ве натераат на размислување.

1. Научни истражувања во Америка го докажаа постоењето на апетит-супресивни молекули во цигарите.

2. Научни истражувања во Холандија покажаа дека активното и пасивното пушење го зголемуваат ризикот за добивање на тип 2 дијабет.

3. Научни истражувања во Велика Британија и Америка докажаа дека луѓето кои пушат цигари со вкус на ментол потешко можат да ги намалат и остават цигарите.

4. Од сите земји членки на Европската Унија, Република Чешка е единствената која нема закони за забрана на пушењето иако како член на Унијата е обврзана да воведе.

5. Многумина погрешно веруваат дека пушењето наргиле е поздраво од цигарите.

6. Активното пушење го зголемува ризикот за карцином на градите кај жени во постменопаузалниот период.

7. Пушењето цигари предизвикува неплодност кај жените доколку пушат најмалку 10 цигари на ден.

8. Особа која пуши по една кутија цигари на ден во просек губи по два заба на секои 10 години.

9. Тутунот убива повеќе луѓе во споредба со жртвите на ХИВ/СИДА, дрога, пожар, сообраќајни несреќи и самоубиства, вброени заедно.

10. Луѓето што пушат имаат 10 пати повеќе бори на кожата на лицето, вратот и рацете во споредба со непушачите.

 

11. Што се содржи цигарата:

  • Бензен – адитив на бензин
  • Формалдехид – лесно запаливо гориво
  • Амонијак – средство за чистење тоалети
  • Ацетон – средство за чистење лак на нокти
  • Никотин – супстанца што предизвикува зависнот
  • Јаглерод моноксид - издувен гас од автомобилите
  • Арсеник – материја што се користи како отров за глувци
  • Хидроген цијанид – отровен гас што се користел во гасните комори
  • + 43 други карциногени материи.

12. Шеќерот е застапен во цигарите до околу 20%. Оваа информација не ја знаат дијабетичарите па не се ни свесни за шеќерот кој што го земаат со инхалираниот чад од цигарата.

13. Никотинот стигнува до мозочните клетки за 10 секунди откако е инхалиран.

14. Првиот сопственик на компанијата Марлборо починал од рак на бели дробови, предизвикан од неговата долгогодишна зависност од цигари.

15. Кристофер Колумбо во 15 век и донел на шпанската кралица Изабела ливчиња од тутун од Америка.

16. Првиот објавен извештај кој директно го посочува пушењето како предизвикувач на болести датира од 1859 година.

17. Томас Едисон и Хенри Форд кон крајот на 19 век изјавиле дека пушењето треба целосно да се забрани.

18. Резидуата од чадот од цигарите останува во крвотокот на непушач и до 90%.

 

19. Никотинска зависност – Според Американскиот Центар за Контрола на Болести, никотинот е на првото место во светот како најмоќната супстанца што создава зависност.

20. “Единствената безбедна цигара е твојата последна цигара” - Дуан Алан Хан.

21. Особата која започнала да пуши цигари на 13 годишна возраст ќе има поголеми потешкотии да ги остави цигарите и е поподложна на широк дијапазон срцеви заболувања и пократок животен век во споредба со особата која започнала да пуши на 21 година.

22. Адолесцентна девојка која пуши цигари дупло ја зголемува опасноста од формирање на крвни коагулуми и консеквентни срцеви удари.

23. Секој ден 3000 деца ја палат својата прва цигара.

24. Цигарите се единствениот најпродаван продукт на планетава, со приближна продажба од 1 трилион на година. Тоа им носи околу 400 билиони заработувачка на производителите.

Заклучок:

Кога станува збор за цигарите и пушењето листата на предупредувачки факти е огромна. Истата не може да се собере во една кутија цигари. Затоа размислете добро пред да ја запалите вашата следна цигара.

Предлог статии од авторот:

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

oбјавено на 2011-05-09

www.doktori.mk, 30.05.2012

Последна вест

Најчитани статии - животен стил