Морската сол е позната по нејзините карактеристични терапевтски ефекти уште од древни времиња.
Докажаните здравствени бенефиции се само причина повеќе за внатрешна/надворешна употреба на морската сол.
Затоа дознајте повеќе за оваа толку ситна намирница која ја имаме секојдневно пред нос, а за која заостануваме со знаење.
Неколку минутно бањање во високо квалитетна морска сол може да ги надополни минералите кои се од клучно значење за нашата кожа и нашиот метаболизам.
Бањата со морска сол ги релаксира мускулите, ја измазнува кожата, напоредно збогатувајќи ја со есенцијални минерали кои се од витално значење за нејзиното здравје.
Споменатите есенцијални минерали се натриум, магнезиум, калиум и многу други, кои ја подобруваат природната способноста на кожата во задржувањето на влагата, што ја прави мазна и здрава.
Морската сол исто така делува дезинфекциски и нежно ги отстранува штетните честички од кожата.
За што конкретно е добар престојот во солена соба?
-Ги отвора дишните патишта и го олеснува дишењето преку нос, помага при респираторни заболувања вклучувајќи настинка, астма, алергија и сл.
-Делува благопријатно врз нервниот систем, особено бил забележан ефект кај лицата кои имале проблеми со несоница и стрес (потребни се од 1-5 третмани).
-Помага при лечење на одредени кожни болести како егземи, псоријаза и кожни воспаленија, акни и сл.
-Го забрзува процесот на детоксификација на организмот и исфрлање на штетните материи.
-Го подобрува целокупното психофузичко здравје и го зајакнува имунитетот.
Постојат три видови сол кои се користат во исхраната:
-природна,
-рафинирана и
-јодизирана.
Природната сол се добива од рудници на соли кои имаат подземна локација. Тоа се места каде што претходно имало море или солено езеро. Оваа сол има сива боја.
Рафинираната сол е најчесто користена, а има 99% натриум хлорид во себе. Оваа сол е всушност кујнската сол. Рафинираната сол е најчиста за јадење, но најсиромашна со минерали во себе. Има бела боја.
Солта збогатена со јод, нормално содржи најмногу јод споредено со другите видови и токму и затоа како таква е најздрава.
Морската сол се добива од морската вода. Водата претходно се чува во специјално дизајнирани базени. Во пролет водата испарува и солта останува на дното.
Есенскиот период е т.н. период на берба. Морската сол е најздравиот и највкусниот тип на сол. Богата е со минерали и јод сама по себе, затоа дополнително не и се додава ништо.
Што содржи морската сол?
Хлорот е незаменлив за одржување на правилниот баланс на базите и киселините во телото и кои заедно се од витално значење за метаболизмот на клетката. Употребата на хлор и хлорови соединенија, како средства за дезинфекција или како лекови во фармацевтската индустрија, придонела во спасување многу повеќе животи отколку која било друга хемикалија во историјата на човечкиот род.
Натриумот заедно со калиумот, игра клучна улога во помагањето на клетките во апсорбирањето на храната и отфрлањето на отпадните материи. Важен е и за балансирање на лимфната течност во телото.
Што содржи морската сол?
Јодот е неопходен за производство на хормонот тироксин кој го секретира тироидната жлезда (од неа се влева во крвта) и кој ги интензивира метаболичките процеси во клетката. Исто така јодот е и од витално значење за правилна размена на материи во клетката. Меѓутоа, од друга страна зголеменото количество тироксин во организмот иницира зголемување на крвниот притисок, нервоза, потење, замор како и нарушена менструација кај жените.
Што содржи морската сол?
Mагнезиумот го забавува стареењето на кожата, делува смирувачки на нервниот систем односно помага во борбата против стресот.
Калциумот делува стимулативно врз циркулацијата на телото и помага во чистењето на порите. Покрај тоа што е од витално значење за одржување на здравите заби и коски, круцијален е и за регулирање на работата на срцевите мускули и нервите.
Што содржи морската сол?
Калиумот му дава енергија на телото и помага во балансирањето на влажноста на кожата. Поради тоа е важен во одржувањето рамнотежа на вода во клетките, а исто така помага при процесот на отфрлањето на отпадните материи од организмот. Нерамнотежа во калиум често доведува до задржување на водата во телото. Калиумот исто така игра клучна улога во регулирањето на мускулни контракции и нервниот систем.
Што содржи морската сол?
Сулфурот е неопходен како за работата на црниот дроб така и за конвертирање на отровите во не-отрови. Поради својата способност да штити од штетните ефекти од радијацијата и загадувањето, сулфурот го успорува и процесот на стареење ( а и се користи и при лекувања на болести на кожата).
Сулфурот е потребен за синтеза на колагенот, протеин кој ја одржува структурата на кожата. Покрај тоа придонесува за растот на косата и јакнењето на ноктите.
И покрај тоа што многубројни се минералите во морската сол од една страна, а од друга страна придобивките од внесувањето на истите во нашиот организам, сепак треба да се внимава на фактот дека потребниот дневен внес на сол (без разлика дали е морска или не) е 500-2000mg или една мала лажичка.
Притоа имајте на ум дека солта ја има и природно во храната, и дека потребата за досолување треба да се сведе на минимум.
Контактирајте го нашиот тим