Македонките и сексуалното експериментирање

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

ПРВИ ИСКУСТВА, ЉУБОВ И СЕКС

Значи ли слободата на сексуалното изразување и слобода на адолесценско сексуално изразување? Изгледа дека така не е. Над 95 отсто (785) од жените сметаат дека „младите денеска прерано влегуваат во сексуалните односи“.

Според добиените податоци, денешните средношколки влегуваат во сексуалниот живот две години порано отколку што тоа го правеле нивните мајки. Но, негативниот став не го искажале исклучиво постарите испитанички. Тој подеднакво е раширен и меѓу младите жени, од што може да се заклучи дека изречената „конзервативност“ не е последица само од традиционални причини, туку и од спомените на сопствената сексуална упатеност (инаку, просечната старост на првиот сексуален однос во нашите урнеци е 18 години; за пример, Американките во сексуалниот живот влегуваат две години порано). Младите во Македонија денес прерано влегуваат во сексуални односи: со Да се изјаснале 785 испитанички или 95,62%, а со Не 35 (4,38%).

Од 820 испитани жени прв сексуален однос имаа: на 13 години 3 (0,36%), на 14 години 11 (1,34%), на 15 години 20 (2,43%), на 16 години 82 (10%), на 17 години 142 (17,31%), на 18 години 207 (25,24%), на 19 години 125 (15,24%), на 20 години 107 (13,04%) и од 21 до 25 години 123 (15%).

ДАЛИ Е СЕКСУАЛНОТО ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ ЛОШО?

Можеби поради недостаток на чувства? Судејќи по искажаните ставови, одговорот би можел да биде позитивен. Повеќето од половината од жените изјавиле дека во„сексот може да се ужива само со саканата особа“, а исто толку потврдиле дека „авантурата за една ноќ воопшто не ги привлекува“. Но, овде треба да се биде внимателен при заклучувањето, посебно кога е збор за последниот исказ. Однос со непознат партнер носи голем ризик од сексуално жртвување, но и осуда од страна на средината. Исто така, прашање е колку е сексуалната авантура „исплатлива“ во средината во која се мажите патријархални, како во начинот на гледањето на жената што „пребрзо“ се согласува на сексуална врска така и во однос кон нејзиното уживање. Социокултурните промени јасно се покажуваат во фактот дека скоро една третина (31%) од жени меѓу 18 и 28 години не се согласуваат со горенаведените мислења, додека таквите на возраст од 38 до 50 години се само 18%.

Од испитаничките дека во сексот може да се ужива само со саканата особа позитивно се изјаснале 593 (72,31%), додека спротивно мислеле 227 (27,68%).

Авантурите за една ноќ ги привлекуваат 220 испитанички (26,82%), а не ги привлекуваат 600 испитанички (73,17%).

НЕКОЛКУ ЗБОРOВИ ЗА СЕРИЈАЛОТ:

Останати статии:

www.doktori.mk, 27.04.2011

Последна вест

Најчитани статии - животен стил