Социјална анксиозност

Социјална анксиозност

Социјалната анксиозност (Social anxiety disorder – SAD) е пореметување кое се карактеризира со присуство на интензивен страв во одредени социјални активности. Тоа е една екстремна форма на социјалната фобија.

Причини за настанување на социјална анксиозност

Причините за појава на ова пореметување не се доволно разјаснети. Се смета дека анксиозноста настанува како комбинација на наследни и фактори од околината. Се чини дека голема улога има стресот и динамиката на модерното време, во кое начинот на однесување е диктиран од медиумите.

Што е генерализирана социјална анксиозност?

Дијагнозата за социјалната анксиозност може да се однесува на специфично пореметување (страв од специфични ситуации) или на генерализиран облик на анксиозност.

Личностите со генерализирана социјална анксиозност имаат перзистентен, интензивен страв од помислата дека луѓето околу нив ги посматраат и осудуваат. Тие цело време се уплашени од можноста да направат нешто што може да ги посрамоти. Стравот може да попречи на нивните активности на работа, училиште, обичните секојдневни активности и ја отежнува интеракцијата со останатите луѓе. Најлошо за овие личности е што состојбата што ја имаат ги оневозможува да создаваат и зачувуваат пријателства.

Клинички знаци на пореметувањето

Социјалната анксиозност, освен психички, има и физички растројства:

  • тремор;
  • срцебиење;
  • дијареа;
  • претерано потење;
  • пелтечење.

Интензивниот страв и дискомфортот можат да предизвикаат и напади на паника.

Како се лекува социјалната анксиозност?

Третманот за социјалната анксиозност може да биде во форма на:

  • психотерапија;
  • медикаментозна терапија (антидепресиви и анксиолитици);
  • комбинација на горенаведените.

Б.С.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

 

други теми од оваа рубрика:

www.doktori.mk, 13.04.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина