Цврст и рамен стомак, 5 минути кардио тренинг

Во овој серијал, не смееме да заборавиме да ја нагласиме важноста на кардио вежбите. Придобивките од овој тип на тренинг се повеќекратни: ја подобруваат физичката кондиција, го намалуваат стресот, помагаат полесно да се фокусирате, oдносно да се концентритате при работењето.

Иако овие вежби не се за конкретна група на стомачни мускули, сепак нивното комбинирано изведување, без паузи е ефективен начин за брзо топење на масни наслаги. Вежбите се искомбинирани така што со една серија од 5 минути ќе ги активирате скоро сите групи на мускули на вашето тело. Некои од вежбите веќе ги имаме прикажано во предходните видеа за стомачни мускули, сепак кога се вежбаат на ваков начин, брзо со помалку повторувања имаат различен ефект. Поставете си цел на повторувања пред да започнете со вежбата, тоа ќе ви помогни да останите помотивирани и да не се откажите при првото чувство на замор.

Пробајте за направите една или две серии од овие вежби пред да за почните со вежбањето на специфичен мускул или група од мускули.

Останати видеа од серијалот Цврст и рамен стомак:

www.doktori.mk, 10.04.2011

Најчитани статии - вежби

Последна вест