Доктори.мк | Вежби за бицепс | biceps | Портал за медицина и здравје

Вежби за бицепс

Латинскиот назив за овој мускул е Biceps brachii, што во превод значи двоглав мускул на надлактицата. Овој мускул е еден од најпопуларните телесни мускули. Најчесто кога некој ќе ви каже "покажи ги мускулите" се мисли токму на бицепсот.

Бицепсот е мускул сместен во предната ложа на налактицата. Тој со својата дистална тетива се припојува во горниот дел на радиусот, во близина на лактот. Од дисталниот или долниот припој одејќи проксимално , односно нагоре мускулот се дели се раздвојува на две глави - долга и кратка глава кои се припојуваат на лопатката.

Пред да започете со вежбање

Се препорачува најпрво да се истегнете, па потоа да се загреете со лесни вежби како за целото тело, така и за раката со траење од барем 5- 10 минути. Овој дел од тренингот е многу важен и помага во превенирање на повреди на мускулите и тетивите во тек на вежбањето.

Наизменични превиткувања

Концентрациони превиткувања

Наизменични превиткувања во форма на чекан

Вежба подигнување на вратило

Вежба со шипка

Вежба со шипка - обратно свртени раце

Напомена

Пред започнување во вежбање, во случајов вежбање на анаеробни вежби или вежби со товар препорачуваме консултација со лекар.

Изборот на тежина на теговите направете го во зависнот од вашата физичка подготвеност.

За добар резултат доволно е вежбите за бицепс да се изведуваат еднаш до двапати во неделата.

www.doktori.mk, 09.04.2011

Последна вест

Најчитани статии - вежби