Зумба - Oстави ја рутината, приклучи се на забавата

Зумбата е фитнес програма со танцување создадена од кореографот и танцувач Алберто Перез во Колумбија во деведесеттите години на минатиот век. Основата на зумбата е вежбање низ забава, поточно вежбање преку танцување на латино и интернационална музика. Оттаму и мотото - "остави ја рутината, приклучи се на забавата".

Постојат различни видови на зумба вежби:

  • "Zumba" - основната зумба вклучува танцување на ритми како салса, валцер, танго, меренге, фокстрот, кумбија, реге, самба и сл.;
  • "Zumba Gold" - создадена за постари лица;
  • "Zumba Тoning" - овие вежби се насочени кон побрзо согорување на калории и зацврстување на телото со употреба на лесни тегови;
  • "Aqua Zumba" - се состои од вежбање во вода со што се намалува оптоварувањето на зглобовите. Добра опција за луѓето кои се трудат да се вратат во форма после повреда или операција;
  • "Zumbatonic" - зумба вежби наменети за помали деца(4-12г);
  • "Zumba in the circuit" - интезивен 30 минутен тренинг. Вежбите се комбинација на аеробни и вежби со отпор и се изведуваат во интервали;

Зумбата е една од најпопуларните фитнес програми на денешницата. Ширум светот се изведува во повеќе од 100 000 фитнес центри во 110 земји. Се проценува дека над десет милиони учесници ја одржуваат својата форма со оваа забавна програма.

Погледнете го видеото и пробајте неколку основни чекори. Оставаме сами да одлучите дали ви се допаѓа или не. Доколку одговорот е потврден, добро е да се има на ум дека програмата се изведува и во некои од фитнес центрите во нашата земја.

www.doktori.mk, 02.04.2011

Најчитани статии - вежби

Последна вест