Доктори.мк | Што претставуваат пломбите и зошто треба да ги пломбираме забите? | sto-pretstavuvaat-plombite-zosto-da-gi-plombirame-zabite | Портал за медицина и здравје

Што претставуваат пломбите и зошто треба да ги пломбираме забите?

доктор по стоматологија

Пломбите во стоматологијата се поставуваат подолго од еден век, а материјалите и техниките кои се користат во денешно време овозможуваат пломбираниот заб да изгледа природно и здраво. Најновите и најсовремени материјали кои се користат за изработка на пломби многу тешко се разликуваат од вашите природни заби.

Ставањето пломби на забите е еден од најчестите стоматолошки третмани. Пломбите се користат за пополнување на шуплините на забите настанати поради кариес или кршење на забите, како и кај реставрацијата на пукнатите заби. Забите кои поради возраста се или истрошени или оштетени исто така можат да се поправат со поставување пломби.

Зошто ни се потребни пломбите?

Кршењето на забите доведува до појава на шуплини на забната коронка. Доколку тие шуплини не се санираат навремено, кршењето продолжува во длабочината на забот при што може да доведе до појава на апсцес. Кога стоматологот ќе ја открие шуплината во вашите заби, треба да ги отстрани сите пропаднати делови од забот и потоа шуплината да ја затвори со пломба. Доколку веќе поставената пломба се оштетила или истрошила, истата ке мора да се замени со нова.

Често се случува луѓето да не знаат дека пломбите им се оштетени. Мора да се напомене дека притисокот и џвакањето на храната може да доведат до напукнување на пломбата. Напукнувањето на пломбата овозможува бактериите да навлезат во забот и да предизвикаат повторно кршење на истиот.

Траење на пломбите

Пломбите на забите имаат одреден век на траење кој може да биде и до 15 години зависно од материјалот кој се користи. Но, потребно е нивно контролирање и поправање за да се спречи понатамошното кршење на забот.

www.doktori.mk, 01.04.2011

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија