Жежок vs. ладен туш

Ема Танаскоска
креативен соработник

Туширањето е чудотворно средство против лошото расположение и стресот. Но што е покорисно, жежок или ладен туш?

ЖEЖОК ТУШ ЗА ДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Иако се нарекува жежок туш, се мисли на топла вода. Жешкиот туш може да биде корисен за вашето здравје се додека не останете предолго под туш. Но 5 до 10 минути под жешка вода можат да направат чуда за вашето тело, мускулите, зглобовите и расположението.

  • Намалување на болката

Жешката вода лекува болка во зглобовите и мускулите поврзана со артритис и воспаление. Топлината ќе стимулира олабавување на зглобовите, тетивите и мускулите. Пет минути под жешка вода значително ја олеснуваат болката, стимулираат заздравување и намалување на воспалението.

  • Подобрување на циркулацијата

Жешката вода придонесува за подобра циркулација и проток на крв од органите кон кожата.

  • Чистење на кожата

Затворените пори можат да доведат до флеки и зголемување на отровите во кожата. Жешката вода и пареата ќе ги отворат порите, правејќи го полесно чистењето на кожата. Малку ладна вода после тоа ќе ги затвори порите и ќе направи вашта кожа повторно да биде свежа.

  • Загревање и опуштање

Жежок туш е ефективен начин да се загреете пред утринските вежби и активности. Наутро мускулите можат да бидат згрчени, па за нивно опуштање и загревање пред секое вежбање се препорачува туширање со жешка вода. Покрај масажа, жешката вода е втората најдобра работа за опуштање на згрчените мускули. Топлата вода го загрева целото тело со што го опушта и лечи. Се препорачува 10 минутно туширање за топлината да ги релаксира вкочанетите мускули со што ќе се олесни движењето на вратот.

  • Мирисна терапија

Жешкиот туш е природен седатив, и доста добро делува во комбинација со миризливи масла. Ако сте под стрес или имате проблеми со заспивање, 10 минутно туширање ќе го смири телото, умот и надразнетите нерви. Препарати кои содржат лаванда ќе помогнат за смирување и подобар сон, додека мирисот на грејпфрут, лимон или портокал, активира нерви кои го потикнуваат согорувањето на масти.

  • Олеснување на симптомите на настинка

Пареата од жешкиот туш во комбинација со масло од еукалиптус нанесено на кожата, ќе помогне за подобро дишење и полесно ослободување од симптомите на настинка. Туширањето освен што опушта, ќе ја врати влажноста во носните шуплини и устата.

ЛАДЕН ТУШ ЗА ВИТАЛНОСТ

Ладниот туш не подразбира многу ладна вода, туку млака накај ладна вода. Исто како и жешкиот, така и ладниот туш ќе придонесе за вашето здравје се додека е во граници на нормалата. Корисен е за циркулацијата и подобар изглед на косата и кожата.

  • Лек против депресија

Ладниот туш ја стимулира таканаречената “сина точка”на мозокот. Тој дел од мозокот е примарен извор на норадреналин – супстанца која помага за ублажување на депресијата.

  • Зајакнување на имунитетот

Според истражувањата лицата кои преферираат ладен туш имаат поголем број на бели крвни зрнца, кои се борци против вирусите, наспроти лицата кои преферираат жежок туш. Зголемениот метаболизам е резултат на обидот на телото да се загрее, со што се активира имунолошкиот систем и се ослободуваат поголем број бели крвни зрнца.

  • Подобрување на циркулацијата

Како жешкиот туш така и ладниот ја подобрува циркулацијата, но во обратен правец; ладната вода ја движи крвта кон органите за да ги зачува топли.

  • Поубава кожа, поздрава коса

Како што кажавме, со жешка вода порите од кожата се отвораат и полесно се чистат. Но за затворање на порите потребен е ладен туш. Со ладниот туш се заштитуваат порите од нивно затворање предизвикано од нечистотија и масло, и со тоа се намалува можноста од појавување на акни. Исто така ладниот туш придонесува за намалување на црните кругови околу очите, со што добивате здрав сјај на кожата. Ладниот туш ќе ја направи косата поздрава и посјајна со затворање на кутикулите на коренот од влакното, слично како со кожата.

  • Зголемена плодност

Истражувања покажале дека мажи кои поминале по 30 минути три дена последователно во жешка бања, биле неплодни наредните шест месеци. Наспроти тоа ладниот туш е добар за сперматозоидите, бидејќи нивниот број се зголемува на пониска температура.

  • Повеќе тестостерон и енергија

Докажано е дека ладниот туш ја зголемува продукцијата на тестостерон кај мажите. Зголеменото ниво на тестостерон не само што е добро за машкото либидо, добро е и за целовкупната енергија и сила.

Совети:

При изборот на гел за туширање и други препарати, водете грижа производот да биде pH неутрален. Не користете жешка вода бидејќи може да доведе до иритација, изгореници или сушење на кожата. Жешкиот туш не се препорачува за лица со кардиоваскуларни проблеми зошто може да доведе до хипертензија и аритмија. Ладниот туш не се препорачува за лица со висок крвен притисок.

E.T.

www.doktori.mk, 31.03.2011

Последна вест

Најчитани статии - занимливости