Крв од папочна врвца – драгоцен извор на матични клетки

доктор на медицина

Користа од зачувување на матичните клетки

Еден од најубавите моменти во животот на една жена е бременоста и самиот акт на пораѓање. Освен плановите кои таа ги прави за текот на нејзиното породување, актуелна инвестиција во здравјето во последно време и на нашите простори е зачувувањето на матични клетки од папочната врвца. Овие клетки имаат поголема способност за продукција на разни човечки ткива во однос на возрасните матични клетки.

Мотивирани од придобивките кои ги носи единствената и безбедна процедура на зачувување на матични клетки голем број идни мајки ја зграпчуваат шансата, која еден ден може да го спаси животот на нивното дете. Но и можноста да се донираат матичните клетки на некого кому му се потребни, доколку генетски се компатибилни или во најдобар случај се членови на фамилијата, ја прават оваа постапка хумана.

Уникатната можност која се пружа во текот на животот ја користат мудрите, но и добро информираните мајки. Затоа, подолу следува објаснување на самата процедура на зачувување на матични клетки во кратки црти.

Едноставна и безболна процедура

Процедурата е неверојатно лесна и е комплетно безболна и за мајката и за бебето. Постапката наречена криопрезервација (конзервирање на температура од -196 Целзиусови степени во испарлива фаза на течен азот) на матични клетки трае неколку минути и не влијае на природниот тек на самото породување.

Непосредно по породувањето, во првите 15 минути, се сече папочната врвца, а потоа примерокот кој содржи крв или содржи крв и фрагмент од папочната врвца се става во претходно набавениот стерилен сет за колекција. Фрагментот од папочна врвца во должина од приближно 15 центиметри се зема за да се изолира Вартоновата слуз со посебна постапка на ензиматска дигестија и криопрезервација, бидејќи таа содржи мезенхимални стем клетки кои не можат да бидат изолирани со класичната постапка. Важно е и количината на крв собрана при самата постапка да биде што поголема, бидејќи колку е поголем волуменот на собраната крв толку е поголем бројот на презервираните стем клетки. Колку е потешко бебето при самиот пораѓај (во граници на нормалната тежина) и колку е бременоста во термин и редовно следена, до толку волуменот на собрана крв ќе биде поголем. Фактори кои не играат улога за добивање на поголем волумен на папочна крв се: тежината што мајката ја добива во текот на бременоста, староста на мајката и нејзината националност и полот на бебето.

Обработка на примерокот

Колекцијата навремено се транспортира до лабораторијата на Банката за матични клетки каде се врши рутинско тестирање на примерокот за Хепатитис Б и Ц, ХИВ, ЦМВ и Сифилис и негова обработка и тоа најдоцна во рок од 24 часа. Клетките се чуваат 20 години, па и повеќе, со соодветна доплата, доколку мајката или нејзиниот син/ќерка го сака тоа.

Изборот на банката за матични клетки е одлука на поединецот, а матичниот гинеколог може да ве информира и да го потврди бенефитот од самата процедура.

Останати содржини од авторот:

www.doktori.mk, 29.03.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина