Измерете си го пулсот - видео

Неправилноста во брзината или ритамот на пулсот може да бидат знак за различни состојби и болести. Затоа, добро е повремено да ги почувствувате пулсациите на артериите и да ја измерите нивната фреквенција.

Техниката e корисна и не е воопшто тешка. Погледнете го видеото и пробајте. Штом еднаш ја совладате, покажете им на луѓето околу вас.

Проверете го пулсот над радијалната артерија

Пулсациите на радијалната артерија најдобро се чувствуваат на внатрешната страна на раката. Најдобро е да користите три прсти истовремено. Поставете ги во пределот на зглобот на шаката на спротивната рака, над основата на палецот и лесно притиснете.

Проценете го пулсот

Измерете ја фреквенцијата на пулсот за време од една минута. За побрзо одредување на истата бројте ги пулсациите во тек на 15 секунди, па помножете со 4. Нормално срцевата фреквенција, односно фреквенцијата на пулсот кај возрасен човек се движи од 60-100 удари, односно пулсации во тек на една минута.

Потоа, проценете ја јачината на пулсот, односно дали тој е силен или слаб. Проценете го и неговиот ритам, односно дали е правилен или неправилен. Доколку е неправилен, веднаш консултирајте се со лекар.

Проверете ги пулсациите над каротидните артерии

Тие се одредуваат на страната на вратот, најдобро со помош на показалецот и средниот прст. Поставете ги овие два прсти во триаголникот меѓу долната вилица, ларинксот(дишните патишта) и стерноклеидомастоидниот мускул(големиот мускул кој се протега по страната на вратот). Лесно притиснете додека не го почувствувате пулсот. Потоа проценете ги неговите карактеристики како што опишавме погоре.

www.doktori.mk, 25.03.2011

Најчитани статии - занимливости

Последна вест