Доктори.мк | Губење на слухот поврзано со користење слушалки за во уво | gubenje-na-sluhot-povrzano-so-koristenje-na-slushalki-za-vo-uvo | Портал за медицина и здравје

Губење на слухот поврзано со користење слушалки за во уво

Слушалките за во уво во последно време се повеќе се користат со дигиталните музички плејери. Тие се практични бидејќи се ситни и се вклопуваат во внатрешноста на увото, но не можат да ги редуцираат звуците од околината. Поради тоа, оние кои ги користат, често го засилуваат звукот и до 110-120 децибели – интензитет доволен да предизвика губење на слухот по само еден час и 15 минути.

Во денешно време луѓето минуваат многу повеќе време во слушање музика на своите МП-3 плеери, изложувајќи се на оштетувачка бучава во подолги временски периоди. Како резултат на тоа, младите развиваат оштетувања на слухот кои обично се среќаваат кај многу повозрасните луѓе.

Како ќе знаеме дека е премногу гласно?

  • Треба да го повишиме гласот при зборувањето, за да се слушнеме себе си.
  • Чувствуваме болка или зуење во ушите по изложување на гласна музика.
  • Имаме потешкотии во слушањето на некој кој е многу блиску.
  • Слушаме придушени и затапени звуци.

Како да го спречиме оштетувањето на слухот?

Експертите препорачуваат да не се слуша премногу гласна музика и да се ограничи времето минато во слушање до еден час дневно. При слушањето музика корисно е да се користат слушалки за на глава или слушалки кои ги редуцираат звуците од околината. Со тоа нема да има потреба од засилување на звукот до максимум, што е обичај на младите луѓе.

Б.С.

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

 

други теми од оваа рубрика:

www.doktori.mk, 22.03.2011

Последна вест

Најчитани статии - медицина