Доктори.мк | Крвта и крвните клетки - видео | krv-krvni-kletki-video | Портал за медицина и здравје

Крвта и крвните клетки - видео

Срцето непрестајно пумпа крв. Таа пак, благодарејќи на него патува низ артериите, капиларите и вените до и од сите ткива. Преку крвта се носат кислород и хранливи материи до секоја клетка во телото од една страна и се однесуваат отпадните материи од нивниот метаболизмот од друга страна.

Во телото на просечен возрасен човек има околу 5 литри крв. Таа зазема околу 7-8% од неговата тежина. Во просек, околу 2.75 - 3 литри од вкупната количина крв отпаѓа на плазмата додека остатокот го чинат крвните клетки. Накратко крвните клетки се делат на: црвени крвни клетки (еритроцити), бели крвни клетки(леукоцити) и тромбоцити.

Основна задача на еритроцитите е да носат кислород и хранливи материи до клетките, ткивата и органите, основна задача на белите крвни клетки е да не штитат од инфекции, додека пак тромбоцитите имаат задача да го запрат крварењето и помогнат зараснувањето на раните.

www.doktori.mk, 16.03.2011

Најчитани статии - медицина

Последна вест