Со здрава храна до здраво срце

Тања Турунџиева Станкоска
нутриционист, Вита Диет Клуб

Смртноста од кардио-васкуларните заболувања во светот е со најголем број. Секако дел од кривицата се нашите гени, начинот на живот, физичката неактивност, стресот, но да не збаоравиме и на лошата исхрана. Секако дека себеси можете да си помогнете ако го промените начинот на живеењето и начинот на исхрана. Ние сме тука за вас со корисни и паметни совети.

Кардиоваскуларни заболувања

Индикациите за било какво срцево заболување можат да бидат и неприметни, ама сепак организмот ќе ви праќа сигнали на коишто не треба да бидете “глуви”. Занимливите нови откритија кажуваат, дека иако порано не сте воделе грижа што јадете, или пак не сте имале инфаркт, со промената на начинот на исхрана, можете да го спречите нападот, да го запрете оштетувањето или да ја поправите состојбата на артериите односно да ги вратите во нормална состојба бидејки за тоа никогаш не е прекасно.

Кога ќе се родиме, артериите се чисти, проодни и еластични. Ама веќе во раните години од животот почнуваат процесите на запушување на артериите, познати како атеросклероза или оголување на коронарните артерии. Постепено на тенките слоеви отпадокот се претвара во плак, масно фиброзно ткиво коа постанува се подебело, а со тоа го отежнува протокот на крв. Ако некој од овие плакови прсне, може да се активира механизмот на згрутчување. Ако згрутчувањето стане доволно големо, може да го прекине протокот на крв во некој дел од срцевиот мускул, што се нарекува инфаркт. Намалениот проток на крв може да предизвика и ненормален срцев ритам-тахикардија и фибрилација - што понекогаш предизвикува изненадна смрт. Ако е запушен крвниот сад којшто води до мозокот или ако прсне атеросклеротичниот плак како последница ќе настане мозочен удар.

Колку брзо ќе ви се запушат артериите или колку брзо ќе ги оштетите зависи од тоа што ќе јадете. Правилната исхрана може да ви помогне да ги одржите крвните садови проодни, без опасни згрутчувања и доволно еластични да овозможите нормален проток на крв. Со правилната исхрана можете да се борите против зголемениот холестерол и другите маснотии во крвта, а пред се да влијаете врз згрутчувањето на крвта.

Рибата - универзален лек за срце

Најдобар начин да ги симнете изгледите за заболувањата на срцето е да јадете риба, особено масна риба, преполна со масни киселини од типот омега 3. Постојат сигурносни докази дека рибата има способност да спречи и лечи кардиоваскуларни болести. Една значајна холандска студија открива дека со внес на 30 грама риба дневно, или неколку порции неделно за една третина се намалуваат изгледите за намалување на срцевите напади. Кога зборуваме кои видови на риби се најдобри, би ги издвоиле:

  • Скушата
  • Бранцинот
  • Лососот
  • Орадата
  • Бакаларот

Мораме да напоменеме дека рибата секогаш се комбинира со свежа салата. Покрај конзумирањето на рибата најдобро е секое утро да го започнувате со една лажица рибино масло.

Лук и кромид

Сите оние коишто сакаат здраво и правилно да се хранат во секојдневната исхрана,а притоа да го заштитат своето срце треба да јадат во големи количини лук и кромид, коишто со своите благодети исконцентрирани антиоксиданси како и антикоагуланти ќе ги штитат артериите од запушување.

Масло

Треба да се користи маслиново и ладно цедено неранифинирано сончогледово масло.

Алкохол

Ако пиете алкохол веднаш да престанете зашто алкохолот е меѓу водечките ризик фактори за заштитување на кардио-васкуларниот систем. Како добра превентива се препорачува една до две чаши од црвено вино дневно, но не повеќе и од тоа.

Која храна ни годи, а која ни штети

Ако би направиле некоја паралела што треба а што не треба да се јаде, листата отприлика би изгледала вака:

  • Продукти кои се добри за заштита на срцето се:
  1. Морската храна
  2. Овошјето
  3. Зеленчукот
  4. Зрнестото овошје
  5. Мешункастите плодови
  6. Кромидот и лукот
  7. Маслиновото масло, како и
  8. Продуктите богати со витамините Ц, Е и бета каротен
  • Продукти коишто ќе ги оштетат вашите артерии и срцето се:
  1. Месото
  2. Млечните производи(особено оние со висок процент на заситени масти)
  3. Премногу алкохол и премногу кафе

Сите оние коишто имаат покачен холестерол односно нарушен баланс на липиди во крвта, треба да почнат сериозно да внимаваат на исхраната. Во нивната исхрана особено треба да бидат застапени овесот, јаболките, морковот, авокадото, бадемот и оревот во свежа варијанта, житариците, како и овошје и зеленчук кои се богати со витамин Ц и бета каротен. Интересно е дека со новите истражувања што се направени во САД се покажува авокадото е богато со истите маснотии кои ги има во бадемот и маслиновото масло. Покажано е дека за краток временски период мононезаситените масти го регулираат холестеролот и спектакуларно го заштитуваат срцето. Ако земеме дека доволно се две јаболка дневно за здраво срце можеме да кажеме дека и 500 грама јагоди во свежа форма се исто така бладодет за вашето срце.

Да не заборавиме дека редовното пешачење, користењето на фитнес справите, пливањето и умерената физичка активност, поткрепена со здрава и правилна исхрана ќе го штитат вашето срце и ќе ви овозможат долговечност.

 

објавено на 2011-03-14

www.doktori.mk, 13.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана